Македонија
Велосипедски и пешачки патеки и нови сообраќајни решенија во ДУП – Стара Железничка
Зелена проодна тераса за јавна употреба на објектот Рамстор и Кам Маркет се планира во новиот ДУП за Стара Железничка. Новиот ДУП исто така предвидува нови велосипедски и пешачки патеки и нови подобрени сообраќајни решенија, наведуваат во соопштение од Општина Центар.
„Во новото планското решение направени се измени во рамки на градежните парцели, по барања на граѓаните во анкетните листови доставени за време на јавните анкети. Измените се однесуваат на катноста и висините на дел од градбите. Со тие измени направено е зголемување на вкупната бруто површина на ниво на градска четврт за само 10%. Станува збор за израмнување на висината на постојните објекти Рамстор и Кам Маркет со висина дефинирана според венецот на постојните изградени објекти долж истиот уличен фронт.
За сметка на доградбите и зголемувањето на процентот на изграденост, инвеститорите на двете парцели (Кам и Рамстор) се обврзуваат да изведат зелени проодни кровни тераси. Истите се прават со цел да го зголемат процентот на зеленило на ниво на градската четврт и треба да се достапни за јавна употреба. За да се реализира целосно дозволената бруто површина за градба задолжителен услов е и да го обезбедат неопходниот број на паркинг места во рамките на сопствените парцели.
Имајќи ја во предвид комплексноста на локалитетот од сообраќаен аспект, во овој ДУП се внесени измените што произлегуваат од одобрените основни сообраќајни и инфраструктурни проекти. Нанесено е решението одобрено од Град Скопје со кое детално се разработени кружните крстосници како и трасата на подземната сообраќајница (Булевар Македонија). Дефинирани пешачки и велосипедски патеки и предвидена е изградба на паркинг простори за велосипеди и тротинети на отворена и на затворена јавна површина.
Измените на ДУП-от ги добија сите согласности и позитивни мислења од надлежните институции вклучувајќи го и Град Скопје кој е надлежен за контрола дали планот е во согласност со ГУП-от“, велат од Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

