Македонија
„Вело-фиеста“ в четврток во Центар

Европската недела на мобилност 2019 официјално почнува денеска, а ќе трае седум дена, до 22 септември, со мотото „Пешачи со нас“.
„Поттикнувањето на граѓаните активно да се вклучат во локалниот живот, да ги практикуваат својата одговорност и делотворноста кон животната средина, како и создавањето услови, кои тоа ќе им го овозможат, се нашите цели. Реализирањето на целите на граѓаните не само што ќе им овозможат да ја спознаат својата улога во општеството туку ќе им донесат и драгоцени полезни последици, зачувување на своето здравје, и поради поздравата животна средина и поради секојдневното движење – пешачењето и возењето велосипед“, изјави претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
Таа ги повика граѓаните, в четврток (19 септември), од 18 часот, на улицата Димитрија Чуповски да бидат дел од „Вело-фиестата“, да се дружат и да се забавуваат, а да учествуваат и во традиционалното „Велосипедско дефиле“, кое в петок (20 септември) ќе почне во 11.30 часот од новиот парк „Ибни Пајко“, кај објектот на Филхармонијата.
Град Скопје годинава ја реализира ЕНМ 2019 во соработка со Македонскиот зелен центар, Канцеларијата на ЕУ во Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целата програма на Европската недела на мобилност е објавена ТУКА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја дел од Сопиште и дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( Среда ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 12:00 часот, дел од с.Сопиште (на главен пат околу,,Давидоф“).
. во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези-Карпош.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за повремен дожд

Сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во четврток дневната температура значително ќе опадне (од 8 до 10 степени). Во петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.