Македонија
Велјановски: Бараме Владата јавно да го објави договорот, граѓаните имаат право да го видат
„Добро е што денеска министерот за транспорт, се охрабри да присуствува на пленарна седница на која што како точка на Дневен ред имаме еден од петте закони кои што се предложени од страна на Владата избегнувајќи ги сите деловнички процедури спротивно на Уставот и на законите. Добро е што има можност да се соочи со фактите и аргументите кои што говорат дека ваквиот начин на носење на закони кои што имплицираат огромни финансиски импликации, во случајов повеќе од една милијарда и 300 милиони евра, не смеат да се носат на ваков начин особено не со избегнува на матичните работни тела и лепење на европско знаменце“, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Велјановски посочи дека со лепење на европско знаменце на некој закон значи кратење на процедури и тоа значи законите ќе се носат по скратена постапка.
„Имаме класично кршење на Деловникот поточно на членот 135 затоа што кога се поднесува закон кој што треба да се усогласи со европските регулативи потребно е да се наведе изворниот акт на ЕУ со полн назив како и да постои изјава за усогласеност. Исто така потребно е и јасно наведување на правниот акт на кој се однесува извршеното усогласување. А, тоа го немаме во предложените закони, имаме празни коренсподентни табели без ниту еден збор напишан во нив“, рече пратеникот.
Посочи дека министерот за транспорт пред неколку дена се обиде да се испере од одговорноста и да докаже дека коридорите 8 и 10Д се дел од европската мрежа.
„Ние бараме од Владата јавно да го објави договорот кој што граѓаните имаат право да го видат и да бидат сведоци на неговата содржина односно на обврските кои што ги преземаме како држава“, побара тој.
Велјановски укажа дека национален интерес е да се почитуваат одлуките на Уставниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

