Македонија
(Видео) Велјановски: Со насилство и талатизација во Советот на Општина Карпош, со Левицата како главен играч, се донесе буџетот на Општината, среќна Нова 1949
Денес сме сведоци на насилство и талатизација на Советот на Општина Карпош. Имено, насила, надвор од секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти, со кршење на Деловникот, Статутот на Општина Карпош и Законот за локалната самоуправа, со 15 гласа ЗА беше усвоен буџетот на Општина Карпош за 2024 година, истакна Роберт Велјановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош.
„На наше големо жалење градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, со помош на советниците од Гром, СДС и епските јунаци од политичкиот исцедок на СДС, Левицата, спроведе целосна и комплетна талатизација на Советот на Општина Карпош.
Пулените на шарениот револуционер Димитар Апасиев режираа класична трагикомедија во Советот на Општина Карпош со непојавување на претседателот на Советот на четвртото продолжение на 37. седница на Советот“, вели тој.
„Борецот, левичарот и надобудниот Талат, како што ги нарекува, за да му остави простор на Јакимовски насилно да го протнат буџетот, Бранко Ристов, ненадејно добил напади на дијареја и влошување на општата здравствена состојба.
На седницата, полна со деловнички и законски недоследности, какви што до сега никогаш не се случиле во Советот на Општина Карпош, со флагрантно кршење на Деловникот на Советот на Општина Карпош беа погазени легални поднесени амандмани, поднесени од легитимно избрани народни претставници – советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За обнова на Македонија’“, додава Велјановски.
Според него, можеби советниците на Левицата и нивниот претседател на Советот „се надеваат или договориле определена награда од дилот меѓу ‘Пуцко’, Стевчо Јакимовски и СДС“.
Истакнува дека треба да знаат оти:
„На спроведеното насилство ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори со легални мерки и инструменти за да ги спречиме во криминалните дилови за бетонизација на Карпош.
Разголени и препознаени сте од граѓаните на Карпош, вашите фолирантски трикови ќе бидат казнети на изборите во мај, а потоа и на локалните избори.
За ова денес ќе одговарате пред законот и институциите.
Борбата со коалицијата на градежната мафија, СДС, Јакимовски и Левицата, продолжува“, истакнува Велјановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

