Македонија
Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ
Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ.
Според 95 проценти од обработените 77 избирачки места, Филипче освои 9.052 гласа што е околу четири пати повеќе од Јован Деспотовски за кого гласале 2.705 гласачи, додека пак Александар Бајдевски освоил 905 гласови. За Славјанка Петровска гласале 190 членови, додека неважечки се 174 гласачки ливчиња.

Филипче е неврохирург кој во политиката сериозно влезе во 2017 година, кога му беше доверен ресорот за здравство.
Филипче изјави дека следи период на реорганизација на партијата.

„СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам. Од се срце се заблагодарувам на довербата. Ветувам дека ќе направам се за вашата доверба да не ја изневерам. Моја цел е да ги вбризгам во СДСМ принципите кои што ме водат во животот а тоа се заедништво,другарство,взаемна почит и отворена комуникација. Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа, нема време за славење. Следи период на реорганизација и реформи со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува“, рече Филипче по прогласувањето на победата и вети дека нема да дели, туку ќе обединува и ќе се спротивстави на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ за свој личен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

