Македонија
Ветерот бутна дел од фасадата на МЕПСО

Ветрот синоќа откорна дел од фасадата на МЕПСО.
На социјалните мрежи утрово градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, сподели фотографии со коментар дека проектот „Скопје 2014“ е небезбеден за животот на граѓаните.
„Освен што е криминален, кичерски, болноумен и слично, проектот ‘Скопје 2014’ е и небезбеден за животите на луѓето.Зградата на АД МЕПСО“, напиша Шилегов.
Коментар и фотографии на „Фејсбук“ утрово сподели и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
„Што да се прави со Скопје 2014 година?!?! Сам се руши…..АД МЕПСО. Среќа нема повредени“, пишува Богдановиќ.
Новата фасада на МЕПСО чинеше 11 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Сопиште, Кисела Вода и Зелениково

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Соње, општина Сопиште;
· од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од улиците: Партизански пат, Илија Ристевски и дел од Драчевска во село Драчево, општина Кисела Вода;
· од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од селата: Дејковец и Добрино, општина Зелениково.
Македонија
Делови од Центар и Гази Баба денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта на ул.Ленинова бр. 73, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Ленинова (на потегот од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов до ул. Никола Тримпаре), општина Центар;
· поради изведувње на водоводен приклучок на ул. Индустриска, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, oпштина Гази Баба;
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-90мм на Булевар Илинден бб кај ресторан Гарден, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Тениското игралиште, општина Центар.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, при што сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде запрен.
Исто така, истиот ден на 22.07.2025 година во време од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што сообраќајот на патот во село Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за 23.7. и 24.7.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.