Македонија
Ветровито време со врнежи од дожд во попладневните часови

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во другите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 4 до 11, а дневната од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.
Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.