Македонија
Вечерва зградата на Владата свети во сино во знак за подигање на свеста за аутизмот

Вечерва зградата на Владата свети во сино, во знак на 2 април Светски ден за подигање на свеста за аутизмот. Ова на социјалните медиуми го објави премиерот на Македонија Димитар Ковачевски.
„Давам неизмерна поддршка и почит кон лицата со аутизам, нивните родители, семејства, пријатели, наставници, соученици. Како Влада се залагаме да обезбедиме системски решенија за грижа за децата и возрасните со аутизам. Не сме сите исти, ниту по физички изглед, ниту по карактер, но сите во оваа држава имаат исти права“, напиша Ковачевски.
Како што вели тој, да ги прифаќаме различностите, бидејќи секој е различен и посебен на свој начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муртезани во Данска на состанок на министрите за европски прашања

Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на први и втори септември 2025 година ќе учествува на неформалниот Состанок на Министрите за европски прашања што се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседавање со Советот на Европската Унија.
На состанокот, Министрите на земјите членки на ЕУ, заедно со колегите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Турција, ќе разменат мислења за значењето на Копенхашките критериуми како основа на процесот на проширување и за концептот на Постепена интеграција како механизам за одржување на европската перспектива и зајакнување на кредибилитетот на процесот на пристапување.
Македонија
Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола и 13 се изгаснати.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека утрово нема активни пожари.
Под контрола се пожарите на планината Кожуф и во Јасен.
ИЗГАСНАТИ: 13
1. Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума);
2. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубриште);
3. Општина Куманово: кај филтер станица (ниска вегетација);
4. Општина Центар: Кеј 13 Ноември (ѓубре);
5. Општина Илинден 1: с. Миладиновци (ниска вегетација);
6. Општина Илинден 2: Индустриска зона Бунарџик (ниска вегетација и патничко возило);
7. Општина Ѓорче Петров: покрај Лепенец (ѓубре);
8. Општина Сарај: кај езеро Треска (ѓубриште);
9. Општина Прилеп: с. Десово (ниска вегетација и ѓубре);
10. Општина Гостивар: Гостивар (ѓубре);
11. Општина Кавадарци: с. Фариш (ниска вегетација);
12. Општина Боговиње: с. Боговиње (дива депонија);
13. Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште).
Македонија
Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека се обезбедени учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици.
Јаневска, исто така, информираше дека во повеќе училишта условите за настава се подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното и за првпат во средното образование. Учениците ќе се запознаваат со придобивките од вештачката интелигенција и ќе учат етички да ја користат за образовни цели.
„Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. За првпат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик“, истакна вчера Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90 проценти од тиражот е веќе испорачан.
Министерката информираше дека системски е решен предизвикот со учебниците кој се провлекуваше со години и дека повеќе нема предмети во основното образование без учебници, нема користење на учебници без склучени договори и регулирани авторски права и нема доцнење на испораката со месеци.
Освен 1.346 образовни асистенти во основните училишта, Јаневска информираше дека за првпат, образовна асистенција ќе добијат и средношколците со посебни образовни потреби, а нив ќе им помагаат 130 образовни асистенти.