Македонија
„Вечерње новости“: СПЦ подготвува стратегија за продолжување на дијалогот со МПЦ

Српската православна црква (СПЦ) интензивно подготвува стратегија за брзо продолжување на замрзнатиот дијалог со македонската православна црква (МПЦ), дознава „Вечерње новости“.
Како што пишува весникот, подготвеноста на СПЦ за дијалог со кој би се постигнал решение официјално засега не го коментираат од МПЦ.
Ако првата етапа од обновените преговори биде задоволителна, реални се очекувањата дека барањето за статусно решавање на афтокефалноста на МПЦ набзо ќе биде разгледувано во СПЦ, пишува весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.