Македонија
(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата
Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот „Александар палас“ од 12 до 15 септември. Домаќин и организатор на Школата е Здружението на педијатрите на Македонија, односно претседателката на здружението, проф. д-р Аспазија Софијанова. Во три дена учесниците имааа можност да чујат искуства и предавања на врвни доктори од поранешните југословенските земји, но и европски предавачи.
Школата опфаќа повеќе теми од разни аспекти поврзани со педијатријата – од биоетика во педијатријата до генетика и хематоонкологија.
Во разговорот со Софијанова зборувавме за важноста на холистичкиот приод во лекувањето на децата и за сите овие теми што беа опфатени на Школата. Според неа, нема поважна или помалку важна тема кога е во прашање медицинскиот третман на децата, а Школата покажа дека само преку интегрирање и размена на искуства меѓу кадрите од разни медицински гранки поврзани за педијатријата ќе може да се постигнуваат успеси во лекувањата.
„Уште во првата сесија, која предизвика огромен интерес на тема: ‘Биоетика во педијатријата’, каде што ги вклучивме Институтот за психологија, Филозофскиот и Правниот факултет, ја увидовме важноста од темите, како што е психолошкиот и социјалниот момент во педијатријата. Особено се актуелни сурогат-мајчинството и многуте психолошки дилеми низ кои минуваат мајките, па затоа ја увидовме важноста од помошта што мајките може да ја добијат од педијатрите“, вели Софијанова.

Според Софијанова, сите овие научни конференции, научни трудови и средби на професионалците во педијатријата се многу важни во следење на најновите методологии во педијатријата и им помага на педијатрите да стекнат широки познавања што може да ги интегрираат во секојдневната пракса.
Тоа што често родителите за разни здравствени проблеми на децата го консултираат интернет-пребарувачот е голема грешка. Сепак, таа смета дека секој родител би го направил најдоброто за своето дете и, веројатно, треба да се врати довербата во лекарите за да не се случува ваква самоконсултација за дијагнози што може да ги одведат во погрешен правец.
Софијанова најавува дека ќе ја продолжи битката во насока на тоа Македонија да биде врвна во педијатријата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

