Македонија
(Видео) Каевски: Два дена Мицкоски не одговара од кого барал власт за да го смени Уставот
„Два дена Христијан Мицкоски се крие, молчи и не одговара на јавно поставени прашања. Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот? Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној што го кажува во јавноста или оној што го кажува на средбите со домашни и странски политичари?“, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.
Каевски вели дека „Мицкоски, кој е во заложништво на Димитар Апасиев, да не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки, туку да излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања“.
„Познато е лицемерството на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго. Ништо не може да го скрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левицата и затоа тие стануваат сè порадикални во деструктивното дејствување. Мицкоски е слаб, исплашен и очаен, затоа сè што прави, прави за да не заостане зад Апасиев“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

