Македонија
(Видео) Ковачевски за Бектеши: Тој е по спортот, играл за „Влазерими“ како млад, а сега игра кај Груби во канцеларија

Поранешна ракометарка го застана премиерот Димитар Ковачевски на пазарењето пред камери утрово за да го поздрави. Му се претстави како најдобра голманка во Македонија и пред камерите си најдоа заеднички пријатели, но на премиерот не му се зборуваше многу за спортот, па посочи дека министерот за економија, Крешник Бектеши, кој стоеше до него, бил спортист.
„Он е по спортот. Играл за ‘Влазерими’ како млад, а сега игра кај Груби у канцеларија“, рече премиерот.
Министерот Бектеши се насмевна на оваа забелешка и потврди дека играл фудбал за „Влазерими“ од Кичево, па двајцата продолжија со пазарење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.