Македонија
(Видео) Коциќ: Блокадата на нов клинички центар е на штета на сите граѓани
Блокирањето на изградбата на нов клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдна и на директна штета на граѓаните и македонското здравство, вели пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.
Според него, опозициската партија блокира важен проект од витално значење за сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност.
„Жалиме што внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ се прекршуваат врз грбот на граѓаните и повикуваме чесните, искрени пратеници во оваа партија да се вразумат и интересот на граѓаните да го стават на прво место“, рече Коциќ.
Да се биде против овој проект вели Коциќ е да се биде против македонското јавно здравство и против интересите на граѓаните и државата. Токму тоа според него го прави ВМРО-ДПМНЕ со блокадата со 2.000 амандмани на предлог-законот.
Тој уште еднаш апелираше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја научат лекцијата од серијата порази и дебакли и еднаш да застанат на страната на граѓаните, наместо на страната на блокадите и деструкциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

