Македонија
(Видео) Кузеска обвини за луксуз со народни пари: И премиерот и министрите во Вашингтон патувале со бизнис класа, еден билет е 4-5.000 евра
Со обвинување дека влегол во улога на султан па парите на граѓаните ги троши за сопствени луксузирања, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, денес соопшти дека билетите до Вашингтон на премиерите и министрите за самитот на НАТО чинеле по 4- 5.000 евра, секој.
„Откако со денови молчи за скандалозното патувања со синот на фамилијарна прошетка за Вашингтон, сега веќе два дена молчи и за цената на удобанта бизнис класа со која патувал за Вашингтон. Излгеда не можел Мицкоски да патува со економска класа и истовремено да носи часовник од десетици илјади евра. Денеска ја откриваме точната сума на нарачаните карти за него, а за да биде скандалот уште поголем, дознаваме и дека сите негови министри патувале со бизнис класа. Бизнисмените од Владата, кои милуваат да кажат дека се луѓе од народот, потрошиле сите поединечно помеѓи 4 и 5000 евра само билетите од бизнис класа“, рече портпаролката Кузесака.
Билетот на премиерот не бил најскапо платениот билет на патувањето во Вашингтон.
„Според наши информации за Христијан Мицкоски е извршена нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4000 евра. Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на Министерот за одбана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4500 евра секоја. Речиси 20.000 евра ги чини граѓаните само удобното патување на Мицкоски и министрите за Вашингтон! Ова ли е тоа душманско трошење на буџетот за кое секој ден беседи Мицкоски? Има ли образ да излезе и да ги оправда овие суми, додека зборува за домаќинско работење?“, рече портпаролката Кузеска и праша колку пари се потрошени по хотели и за други трошоци на државна сметка.
Место домаќинско работење, Кузеска вели дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат во бизнис класи, место транспарентност со денови се кријат од јавноста, а иако ветуваа борба против криминалот и корупцијата, генералниот секретар на Владата молчи за градежното земјиште од 325.000 евра кое го добил како подарок.
Според Кузеска, граѓаните, кои бараа промени, добија криминално здружение на манипуланти. Таа на крајот од денешната прес-конференција праша кога ќе се произнесат и ОЈО и ДКСК за сите наводи кои СДСМ ги соопштува во јавноста во изминатиот период.
а е далеку полошо, поизмамничко и понечесно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека постои поврзаност меѓу Венко Филипче и сопственикот на компанијата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, во врска со случајот со запленета дрога.
Од партијата велат дека во јавноста се појавиле фотографии на кои двајцата се заедно, што, според нив, ги демантира изјавите на Филипче дека не ги познава лицата поврзани со фирмата.
„Откако со денови СДСМ се обидува да ја релативизира аферата со запленетата дрога, вистината излезе на виделина. Филипче тврдеше дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата, но фотографиите покажуваат поинаку“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто, како што велат, владејачката партија реагира на случајот со запленети над 30 тони дрога и дали постои поврзаност со поранешни функционери.
Од партијата повикуваат Јавното обвинителство да ја испита можната поврзаност на Филипче со случајот.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покрива изнесува 62 сантиметри.
За изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу врнежи имало во Охрид и Претор каде се измерени 2 l/m2.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

