Македонија
(Видео) Талески: Секој обид за ревидирање на преспанскиот договор е закана за иднината на државата
„Сите обиди за манипулација со преспанскиот договор се крајно штетни за државата. Да се прави некаков обид за негово ревидирање или поништување, значи нов конфликт, ново вето, нови блокади од Грција, со која го надминавме повеќедецениското прашање. Ваквото размислување значи нанесување штета и закана за иднината на сопствената држава и народ“, рече Дане Талески, советник на премиерот за надворешна политика и кандидат за амбасадор на НАТО, во интервју за „Макфакс“.
Според Талески, кога се во прашање интересите на земјата, треба да се тргнат настрана политичките, етничките и други интереси и да се остане посветен на патот на евро-атлантската перспектива во која се вложиле многу генерации наназад.
„Токму поради преспанскиот договор, државата сега ќе стане 30. полноправна членка на НАТО и ќе си го добие заслуженото место што го чека со години. Тоа е билатерален договор, кој предвидува обврски за двете држави. Знаете дека Грција прва го ратификува протоколот за членство во НАТО, што всушност беше нејзина обврска од договорот. И ние имаме должност да ги почитуваме обврските. Не сакам ни да помислам на негово ревидирање бидејќи со самото непочитување се иницираат многу прашања, враќање на земјата назад, создавање нови непријателства. Во моментот кога тргнавме по една нагорна линија, вакви размислувања воопшто не ни се потребни“, порача Талески.
Според Талески, последната ратификација на протоколот за членство во шпанскиот парламент ќе помине многу бргу и без проблеми, со што ќе се заокружи целокупната процедура за членство на земјата во алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

