Македонија
(Видео) Арсовски: Tендерoт за стерилизација беше наместен, Филипче да поднесе оставка
Венко Филипче молчи за скандалозниот тендер за стерилизација, обвини на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој рече дека тендерот за стерилизација не бил прв пример како јавно се местат тендери за компании по мерка на министрите.
„Венко Филипче после ваков јавен блам каде што целата држава знаеше кои луѓе и фирми од Албанија ќе го добијат тендерот за стерилизација во здравството треба уште веднаш да си поднесе оставка и не треба да ја чека метлата. Филипче уште веднаш треба да објасни која е поврзаноста помеѓу него, помеѓу луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај кој е тесно поврзан со двете фирми кои се активни на тендерот за стерилизација“, изјави Арсовски.
„Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со скандалозниот Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери од Албанија и италија. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Истиот тој Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.
За фирмите поврзани со Илир Рапај кои вршат стерилизација во Албанија веќе се води истраги. Стерилизацијата во Албанија крахираше. Медиумите таму секојдневно пишуваат за лошото искуство со овој тип на стерилизација, а конкретно за лошото искуство со фирмите и со бизнисменот Илир Рапај.
Монопол за стерилизацијата не смее да има во Република Македонија. Граѓаните највеќе ќе страдаат и сето ова ќе оди на нивен грб и нивна штета.
Затоа, Венко Филипче уште веднаш да си даде оставка и да ги тргне криминалните раце од здравството“, рече Арсовски“, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

