Контакт

Македонија

(Видео) Ангелов: Дали треба да чекаме некој да загине за да се реши проблемот со мостот кај Визбегово

Објавено пред

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, го посети мостот кај Визбегово Скопско, а ЦУК упати повторно известување и покана до дел од надлежните институции за координативна работна средба во ЦУК за небезбедноста на конкретниот мостот, надвозник, со нагласување дека, со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, присуството на претставник од раководниот кадар на повиканите институции е задолжително.

dobivaj vesti na viber

Ангелов, по разгледувањето на мостот, директно од самото место упати повик и апел до дел од надлежните институции за отстранување на опасностите од мостот за граѓаните што поминуваат по него, а особено за граѓаните што со возила поминуваат под него.

„По пријава на неколку граѓани, повторно сме на мостот кај Визбегово, Скопско. Би рекол стар и небезбеден мост, преку кој има голема фреквенција на сообраќај. Но, не е наша работа да испитуваме дали овој мост е безбеден и колку е безбеден бидејќи информациите што ги имаме зборуваат дека тој ќе биде срушен во следните неколку години. На овој мост се јавува една опасност за граѓаните, која се провлекува, би рекол, повеќе од една година. Тоа се овие коцки (камени гранитни коцки од патот). Овие коцки, кои се расфрлани овде, најверојатно, излегуваат од самиот пат. И покрај моето укажување во повеќе наврати, повторно можам да ги забележам на самиот раб од мостот. Возилата што се движат по овој мост прават силни вибрации. Кога минуваат камиони, мостот буквално вибрира под моите нозе. Оваа коцка е само на 30-40 сантиметри од работ на мостот и може да падне долу на улицата. Доколку оваа коцка падне врз возило што минува под овој мост, некој може да биде убиен. Дали треба да чекаме некој да биде убиен, да загине,да биде тешко повреден или изваден од памет доколку коцката падне на совозачкото седиште, па излета со автомобилот и удри во ѕидовите на мостот бидејќи кога вакво нешто би удрило во шофершајбната на возилото, кој било возач ќе реагира. Но, не е само оваа коцка, еве овде имаме друга коцка, трета, четврта…“, вели Ангелов.

„Коцките постојано излегуваат од патот. Од страна на Град Скопје или Општината Бутел, по нашата прва пријава, веднаш беа преземени мерки и веднаш беше ставена ограда, која во најмала рака ја гарантира безбедноста на пешаците да не одат по тротоарот, кој во меѓувреме го снема. Од овие арматури висеа бетонски плочки, кои се извадени, а за тоа сме благодарни – сепак нешто е преземено. Но, апелирам, алармирам, Град Скопје, Општина Бутел, нека седнат заедно, нека се договорат – кој е одговорен за овој мост!? Нека не си ја префрлаат надлежноста едни на други. Нека седнат заедно и нека дојдат да го решат овој проблем… Да не си играме со човечките животи и со човечкото здравје бидејќи овој мост е исклучително фреквентен и ако може да се забележи од самите возила, додека ја давам оваа кратка изјава, поминаа десетици, а под моите нозе мостот буквално вибрира многу силно…

Пред извесно време побаравме да дојдат во ЦУК претставници на Општина Бутел и на Град Скопје, но не дојдоа… Затоа повикувам: Нека дојдат! Јас, не знам по кој пат, ќе отстранам неколку коцки – но, ова не е решение!… Отстранувањето на овие неколку коцки не е решение, постојано и постојано доаѓаат нови и нови…“, додаде Ангелов.

Инаку, ЦУК во барањето за координативна работна средба за небезбедноста на мостот кај Визбегово, Скопско, посочи:

„Центарот за управување со кризи во повеќе наврати во 2022 и 2023 година, врз основа на дојави од граѓани добиени преку Европскиот систем за итни повици Е-112, ве извести за опасностите од користењето на надвозникот на вкрстувањето на стариот качанички пат и ‘Јадранската магистрала’ во Скопје и побара известување за вашите досегашни и плански активности, за отстранување на камените гранитни коцки на надвозникот, што секојдневно ги загрозуваат, пред сè, корисниците на поранешната ‘Јадранската магистрала’ под мостот подвозник. Со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, повторно ве известуваме и ве повикуваме на координативна работна средба во Центарот за управување со кризи в четврток. Темата на работната средба е: „Зајакнување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, кои го користат надвозникот на стариот качанички пат над ‘Јадранската магистрала’. Присуството на претставник од раководниот кадар на вашата институција е задолжително“.

Македонија

Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Објавено пред

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.

dobivaj vesti na viber

Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.

Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.

На парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, партијата Левица, коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, коалицијата „Вреди“, движењето ЗНАМ, партиите Родина, Македонска Ера Трета, Демократи, Единствена Македонија, Нова Алтернатива, Аваја, Твоја, Десна, Работничката партија, како и за групата избирачи Џула Челику.

Прикажи повеќе...

Македонија

Автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Објавено пред

ЈСП Скопје извести дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема воопшто да работи.

dobivaj vesti na viber

Со оглед на тоа што денот кога се одржуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори е прогласен за неработен за сите граѓани, и автобусите од градскиот јавез превоз ќе сообраќаат по скратен, односно неделен возен ред.

Воедно, жичницата од Средно Водно во врвот Крстовар нема да работи.

Дежурни билетарници од 7 до 14 часот ќе бидат само две,  на Транспортен Центар и Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура од четврток ќе биде во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет6 минути

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет12 минути

АстраЗенека ги повлекува вакцините против Ковид

АстраЗенека  започна со повлекување на вакцината за Ковид-19 ширум светот поради „вишокот на достапни ажурирани вакцини“ кои таргетираат нови варијанти...

Свет19 минути

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет23 минути

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ14 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија16 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија19 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија21 час

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ23 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет23 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија23 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија24 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија1 ден

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија2 дена

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ2 дена

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ2 дена

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет2 дена

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...