Македонија
(Видео) Андоновска: Светска недела на имунизација, а во Македонија, поради неспособноста на Заев и Филипче, нема вакцини
Оваа недела е Светска недела на имунизацијата, во светот владее најголемата пандемија од поновата историја, сите држави масовно вакцинираат, само Македонија со Заев и Филипче нема вакцини, рече на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.
Според неа, сѐ што досега беше добиено како вакцини, освен една пратка од 3.000 вакцини „спутник В“, се донација – од Србија, од „Ковакс“ и од Обединетите Арапски Емирати.
„Пет месеци Венко Филипче е неспособен да набави вакцини. Сѐ уште не се вакцинирани сите доктори, не е вакциниран здравствениот персонал, вакцини чекаат хронично болните, ранливите категории и сите оние граѓани сакаат да бидат вакцинирани. Но, вакцини нема. Има единствено погрешни приоритети и политики на власта“, вели Андоновска.
Таа цени дека здравствениот систем е неорганизиран, а граѓаните се оставени на милост и немилост.
Според неа, сите заразени и починати по 1 јануари 2021 година, ќе одат, како што вели, на совеста на Венко Филипче и неговата неспособност да набави вакцини.
„Јавноста можеше да види како најмиле офшорд-фирма за да книжат огромни провизии. Вакцини нема затоа што веројатно им е побитен профитот од здравјето на граѓаните. Затоа ние повикуваме во најбрз можен рок да се набават што поголем број вакцини за сите оние граѓани што сакаат да бидат вакцинирани и да не трпат поради сето тоа и поради неспособноста на власта. Поради ваквата нивна неспособност, здравствената криза се рефлектира и врз економијата, луѓето губат работни места, остануваат без егзистенција“, потенцира Анодновска.
Напомена дека доколку не може и не знаат како, нека вклучат експерти и луѓе што до години работат во областа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

