Македонија
(Видео) Андоновски: Буџетот за 2022 треба да ги санира штетите од недомаќинското владеење на Шилегов
Советот на Град Скопје денеска го разгледуваше буџетот за 2022 година. Според советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски буџетот за 2022 треба да ги санира штетите од недомаќинското владеење на Шилегов.
„Овој буџет е планиран на начин што ќе овозможи справување со долговите оставени од претходната градска администрација. Во исто време тој ќе предвидува нови проекти – проекти за справување со загадувањето и чиста животна средина, за урбан развој на градот, за дигитализација. Градот издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за граѓаните за клима-уреди. Субвенциите ќе бидат и за еколошки транспорт – 15 милиони денари за набавка на велосипеди, тротинети и електрични возила на две тркала”, изјави Андоновски.
Андоновски додаде дека со субвенции кон ЈСП започнува проектот за бесплатен јавен превоз на граѓаните. Етапно, по групи на граѓани и определени денови – буџетот предвидува бесплатен јавен превоз.
Тој истакна дека десетици милиони денари се предвидени за нови зелени површини, уредување на Кејот на Вардар и Кејот на реката Лепенец. Кејот повторно ќе стане зелен и спортски.
Кога станува збор за инфраструктурата, Андоновски истакна дека од 5 планирани булевари во програмата – обезбедени се 400 милиони денари за отпочнување со работа на четири: булевар „Хрватска“, „Теодосиј Гологанов“, „Љубљанска“ и „Борис Трајковски“.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува колегите од СДСМ и ДУИ, да престанат да ги злоупотребуваат своите позиции, обвинувајќи го Градот за сè, а заборавајќи дека тие се власт на централно ниво и ги имаат сите институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.

