Македонија
(Видео) Андоновски го призна скандалот со тендерите, кои завршиле кај сопругот на неговата државна секретарка, ДКСК и Обвинителството итно да постапат, бара СДСМ
„СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална трансформација. Сите докази и документи СДСМ јавно ги објави. Бараме итно постапување од ДКСК по овој случај кој мора целосно да биде расчистен“, кажа Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.
„Министерот Стефан Андоновски на прес-конференција го призна скандалот со тендерите во неговото министерство.
Но, наместо да понесе одговорност, да се извини и да поднесе оставка, тој дрско ги бранеше договорите за тендери кои завршиле кај сопругот на Државната секретарка Клинчарова.
Ова претставува јасен случај на конфликт на интереси, непотизам и основан сомнеж за корупција, кои се впрочем одлики на ДПМНЕ!
Министерот Андоновски не може да се извлече со обидите да го релативизира случајот, тврдејќи дека Државната секретарка не учествувала во постапката.
Државниот секретар раководи со целата администрација во секое министерство. Со други зборови, Клинчарова била надредена на сите кои биле вклучени во тендерската постапка што завршила кај нејзиниот сопруг.
Државната комисија за спречување на корупцијата но и Јавното обвинителство мора веднаш да преземат конкретни чекори!
Ова не е само прашање на злоупотреба на функцијата – ова е директен удар врз довербата на граѓаните во институциите!
Мора да има целосно расчистување на коруптивните шеми на власта.
А Министерот Андоновски веднаш треба да поднесе оставка за да не влијае на постапката.
СДСМ нема да дозволи оваа афера да остане без санкција!
Институциите мора да реагираат, а граѓаните заслужуваат одговорност и правда!“, изјави Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

