Македонија
(Видео) Андоновски: Дарко Каевски да не бега од одговорност и да си поднесе оставка
Граѓаните очекуваат оставка од директорот на Агенцијата за млади и спорт. Недоличните творби промовираат сексизам и шовинизам, шират говор на омраза и примитивизам, порача Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Бледите обиди да се избегне одговорност не можат да го спасат Каевски. Во согласност со Законот за издавачката дејност, во чл. 4, ст. 1, издавачот мора да има уредник што е одговорен за целокупната издавачка продукција. Според ст. 2 од истиот член, уредникот е тој што врши избор на публикации за објавување, прибавува и дава стручно мислење за публикацијата и е одговорен за нејзиниот квалитет.
Уредник на ова дело е Дарко Каевски, па така целосна одговорност за содржината ја има тој и никој друг. Дополнително, чл. 5 во ст. 1 од истиот закон регулира дека пред издавањето на публикацијата издавачот заедно со авторот на делото и со другите лица што учествуваат во изработката на публикацијата склучува договор со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски.
Каевски не може да избегне одговорност. Каевски, покрај моралната, мора да преземе и политичка одговорност. Каевски е прв човек на институцијата што ја финансирала и пуштила во промет оваа збирка. Каевски е директорот на институцијата што ги пушти овие таканаречени творби во промет, а збирката се делеше во дневните весници во текот на викендот и вчерашниот ден.
Каевски мора да си даде оставка и да биде за пример за секој еден носител на јавна функција кој со парите на граѓаните ќе финансира сексизам, шовинизам и говор на омраза дека ова е недозволиво. Пример дека е недозволиво омаловажување на писателската фела и сквернавење на македонскиот јазик.
Дарко Каевски мора да одговори и колку пари за објавување на оваа книга се исплатени? Исто така, прашуваме дали ќе ги врати парите што се дадени за печатење на книгата во буџетот на Република Македонија?
Одговорност мора да има. Дарко Каевски за само 10 месеци ја уништи Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски за 10 месеци нема ниту еден проект за доброто на младите во оваа држава. Дарко Каевски и СДСМ не се решение. Граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

