Македонија
Ѓуровски: Политиката на неутралност не е алтернатива за Република Македонија
Научна тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“ се одржa денеска на Факултетот за безбедност во рамките на Дипломатскиот форум. На темата говорea националниот координатор за подготовка на РМ за членство во НАТО, Стево Пендаровски, професорот Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, професорот Ризван Сулејмани од Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје и словачкиот амбасадор во земјата, Хенрик Маркуш. Претходно, поздравно и воведно обраќање имаше деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, и раководителот на Дипломатскиот форум на Факултетот, Жидас Даскаловски.
Ѓуровски од Факултетот за безбедност нагласи дека НАТО и ЕУ во Македонија се мит, но тоа е единствениот кохезивен проект што ги обединува Македонците и Албанците.
„Граѓаните доволно не се запознаени што е НАТО и што се добива од членството во него. Од 1990 година до денес поддршката кај јавното мислење се движеше од 92 до 98 проценти, но тој процент е невозможен и претставува потврда дека граѓаните не се доволно информирани за НАТО. Во последните три години има опаѓање на поддршката, но ние и понатаму сме шампиони во јавната поддршка од сите 29 членки на НАТО бидејќи никој нема повисока поддршка – 62-67 проценти кои се за НАТО, каде што сите Албанци се изјасниле за НАТО, но помалку од половина од етничките Македонци се изјасниле позитивно за членство во НАТО. Процентот на поддршка денес е доволен поради тоа што кај Црна Гора имаше околу 45 проценти за членство во НАТО. Рејтингот со НАТО во Република Македонија денес се поврзува и за спорот со Грција и тоа треба да се има предвид“, истакна Ѓуровски.
Во однос на политиката на неутралност како алтерантива на евро-атлантските интеграции, професорот Ѓуровски спомена дека Република Македонија не може да биде Швајцарија на Балканoт поради тоа што ниту политички ниту правно, во согласност со меѓународното јавно право, а најмалку економски, ги исполнува условите да прогласи неутралност. Според него, посебните билатерани договори за стратешко партнерство по примерот на САД и Турција што ги има Република Македонија, може да бидат добра основа и да се потпишат такви договори за стратешко партнерство со Република Бугарија и други земји членки на НАТО, но тие за долгорочен период не претставуваат решение.
„Погледот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва, не е добра можност и шанса за граѓаните на Македонија. Стратешката одлука за членство во НАТО одамна е донесена од страна на Собранието на РМ, на 23 декември 1993 година“, рече Ѓуровски. Додаде дека ако сакаме, може да ја отповикаме одлуката за членство во НАТО.
„Никој во ЕУ и НАТО не ве тера со сила. Дали досега сме имале формална иницијатива за да ја подржат 50+1 граѓаните на Република Македонија!? Не постои земја членка на НАТО која бара референдуми, зрели европски демократии не бараат да излезат од НАТО, зошто тоа по брегзит не го бара Велика Британија? Исланд, која е членка на НАТО, а нема војска, не бара да излезе“, нагласи Ѓуровски на научно-стручната дебата.
Според професорот, заканите врз безбедноста доаѓаат подалеку од границите на Република Македонија, членство во НАТО може да нè подготви во справувањето со заканите, но целосно не може да нè заштити.
„Развојот на капацитетите и размената на информациите овозможува справување со заканите. Ако Русија денес влијае на изборите во САД и Франција, нашата земја е изложена на потенцијален безбедносен ризик од асиметрични закани и проблемите може да се решаваат со партнерите. Секоја соработка со Русија, според Ѓуровски, е добредојдена во економијата, трговската размена, но не и замена за стабилноста и демократските вредности што ги дава НАТО-клубот“, истакна тој. Рече дека ЕУ и НАТО се две страни на меделот и постои синергија меѓу ЕУ и НАТО.
„НАТО е предворје за ЕУ. Членството во НАТО е цивилизациска придобивка и претставува чест и привилегија, но и обврска. Ние како да заборавивме во извршувањето на домашните задачи, тие треба да се нашата предност, тоа е нашата влезница. Новата Влада нè врати на надворешната политичка сцена и нè извади од изолацијата, но тоа не е доволно. Со активното присуство на меѓународната сцена станавме фактор во регионот и се враќа македонската успешна приказна. Но, имаме кадровски потфрлања и некако како да создаваме наместо да ги решаваме домашните проблеми и не ги решаваме. Треба работите од дома да се преземат. Каде се резултатите и треба да имаме јасни показатели. Да се вратиме на домашните задачи и да подготвиме добар домашен безбедносен систем, кој прво ќе ни служи нам, а потоа на северноатлантската алијанса. Како да ги заборавивме обврските. Оваа Влада доби мандат да раководи со Република Македонија за справување во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Каде се реалните резултати“, запраша Ѓуровски на Дипломатскиот форум при Факултетот за безбедност во Скопје.
Инаку, според него, НАТО и ЕУ треба да имаат поодговорна улога кон регионот.
„Може да поставуваат задачи и да го мониторираат процесот, но ова статус кво се користи од Кина, Русија и од Турција. Знаменцето од Црна Гора се обидуваат да го стават во Македонија. ЕУ на регионот, покрај поставување критериуми, може преку финансиска инјекција значајно да ѝ помогне на Македонија, на тој начин да даде имплус и испрати порака до граѓаните дека не се заборавени. Двонасочниот правец сега треба да се задржи зашто ќе останеме на црвената линија на огнот“, смета Ѓуровски.
На крајот професорот јавно запраша: „Што ако не влеземе во НАТО и по јуни? Дали Македонија треба да остане на патот и дали имаме план Б. Дали имаме друга алтернатива. Ние треба да возиме во двата правца, со петта брзина кон Брисел, и другиот правец да ни бидат домашните задачи, со цел да не ги заборавиме зошто првин треба да изградиме домашен, кредибилен демократски политички безбедносен систем, владење на правот и ако не сега, ќе добиеме поканата за членство во НАТО во блиска иднина“, заклучи Ѓуровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица
Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно лице кое се изгубило на планината Плачковица.
Како што денеска соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК),лицето е пронајдено околу еден часот по полноќ од страна на спасувачите од Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани откако во 18:08 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена информација за исчезнато лице.
– Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани. Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа. егионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше дека изгубеното лице на Плачковица е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани, информира ЦУК.
Поради подолгиот престој на студено време во планината, лицето било згрижено од страна на спасувачите, а потоа безбедно спуштено до селото Зрновци, каде што имало возила на полицијата и на Итната медицинска помош од Кочани.
Македонија
Професор д-р Атанаско Тунески: Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, а ЗНАМ нуди мерки кои тоа ќе го овозможат
Денеска Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која професор д-р Атанаско Тунески зборуваше за мерките во енергетиката што се предвидени во програмата на Движењето „Проглас за достоинствена Македонија“ за претстојните парламентарни избори.
Професор Туневски рече дека заложбите за самоодржлива држава подразбираат самојстојност во покривањето на потребите од електрична енергија со производство во енергетските капацитети во државна сопственост.
„Најважните цели во делот за енергетиката од програмата “Проглас за достоинствена Македонија” се: изградба на 2 гасни когенеративни електрани (ТЕ-ТО Скопје и ТЕ-ТО Неготино), до мај 2027, во државна сопственост; почеток на изградба на ХЕЦ Чебрен во државна сопственост, со формирање на Дирекција за изградба на ХЕЦ Чебрен, најдоцна 4 месеци по формирањето на новата Влада; избор на стратешки инвеститор за реализација на проектот Вардарска долина, кој содржи 12 хидроцентрали, најдоцна 2 години по формирањето на новата Влада; завршување на изградбата на гасоводите: Неготино (Кавадарци) – Битола, Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево, како и интерконективниот гасовод со Грција, со што со гасоводна мрежа ќе биде покриено околу 70% од населението во Македонија,; зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 30% во однос на 2023-та година; намалување на трошоците за производство на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 25% во однос на 2023-та година“, рече професор Туневски.
Тој нагласи дека реализацијата на овие цели ќе овозможат енергетска независност на Македонија преку сериозно зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост.
уневски додаде дека Програмата “Проглас за достоинствена Македонија” на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија обезбедува максимум за Македонија преку максимум во енергетиката во Македонија.
Македонија
Крмов од Македонска Каменица: Посебен закон за пензионирање на рударите. 20 години стаж и 10 години бенефициран стаж
Денес, Носителот на листата на Левица во ИЕ3 – пратеникот Борислав Крмов, заедно со членот на Президиумот на Левица – Александар Симонов и советникот од Левица, Тони Стаменковски, остварија средба со граѓаните на Македонска Каменица.
На средбите со рударите, имајќи ги предвид проблемите со кои се соочуваат тие, пратеникот Крмов истакна:
,,Во моментов рударите одат во пензија со,
од прилика, 27 годишен стаж и 13 години бенефициран стаж. Во ниедна држава не е така. Секаде е тоа помалку, што значи дека ние како пратеници во Собранието ќе бараме посебен закон за рударство, којшто ќе намали на: 20 години стаж и 10 години – бенефициран стаж”.
Пред граѓаните на Македонска Каменица, Крмов истакна и дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица што се однесуваат на инфраструктурата и заштитата на природните ресурси:
– Целосна обнова и проширување на руралната патна инфраструктура на локални патишта – со цел поврзаност
на секое село до главните транспортни артерии;
– Прогласување за национални богатства на водите, шумите, рудите и минералните ресурси и забрана за нивно издавање под концесија!;
– Ограничување на концесионерството на природните богатства и на јавните добра и услуги, со целосна забрана за давање под концесии на водни ресурси.
Во однос на домашното земјоделско производство и мерките за земјоделството и стопанството, Крмов се задржа на следново:
– Заштита на домашното производство (Made in Macedonia);
– Рестартирање или отворање на нови профитабилни државни компании во секоја стратешка гранка од стопанството како: рудници, металопреработувачка индустрија, откупни пунктови за земјоделски и шумски производи, производство на автохтона храна и пијалоци и многу други стопански дејности.
Стимулирање на задругарството и кооперативите, во сите сфери на здружување е една од мерките во Програмата на Левица. Тука се мисли на работнички кооперации, земјоделски задруги итн.
Оттука, Левица се залага за поттикнување на задругарството преку проектот „Мало селско стопанство“ (т.н. аграрни кооперативи) со стручна, техничка и техолошка, т.е. механизациска поддршка на земјоделските задруги.
Крмов од Македонска Каменица ја истакна и програмската мерка за гарантирани цени за најосновните прехранбени продукти и намирници потребни за секојдневен живот на населението.
Ова е само мал дел од над 1000 мерки и проекти, предвидени во Изборната програма на Левица, нагласи Крмов.