Македонија
(Видео) Андоновски: Зоран Заев е опоменат од Стејт департментот за прекумерен притисок врз судиите
Осврнувајќи се на извештајот од американскиот Стејт департмент, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, вели дека тоа е уште еден срам за Владата на Зоран Заев на меѓународна сцена.
„Владата на Зоран Заев гонела новинари затоа што објавиле доверливи податоци за скандалот ‘Рекет’ и за други случаи. Прогонот на неистомислениците се однесува на случаи во кои е откриено дека високи функционери на владејачката партија СДСМ се вмешани во скандалот ‘Рекет’ и во изнудувањето пари. Понатаму, овие новинари зборуваа за партиско-политички пресметки кај вработен во МВР, кој не беше примен на работа во АНБ затоа што неговиот татко е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е опоменат дека работи како шалтер за придобивки. Партиските членови на СДСМ ги прескокнуваат образовните и професионални законски пропишани критериуми за позициите во јавната администрација“, вели Андоновски.
.
Според него, очекувано е, како што рече, што САД забележува и дека државни службеници од власта се дел од коруптивни активности.
„И покрај лажните пиар-заложби на Заев и Маричиќ за реформи во судството, Стејт департментот вели, цитирам: ‘Пoстојат примери на погрешно судиско однесување, прекумерен притисок врз судиите, одложувана правда и несоодветно финансирање на правосудството, кои и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и влијаат врз јавната доверба во правосудството. Судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба од јавноста’“, додаде Андоновски.
Според него, ова претставува голем удар врз кредибилитетот на Македонија во меѓународни рамки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

