Македонија
(Видео) Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ свесно ја оставаат Универзалната сала да пропаѓа, вели Шутаров
Една и пол година проектот за реализација на Универзалната сала е намерно стопиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството во Советот на Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, истакнува на денешната прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.
Советничка група на СДСМ, додава тој, достави Иницијатива за времено отстапување на правото на користење на Универзалната Сала од Градот Скопје на Владата и Министерството за култура, со цел да се доврши реконструкцијата.
„Кога веќе Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не се способни да го довршат овој проект, Владата покажа интерес да ја заврши реконструкцијата и потоа објектот повторно да му го врати на Град Скопје. За жал, за ВМРО-ДПМНЕ и овој пат политиката беше пред интересите на граѓаните, па мнозинството во Советот не дозволи тоа да се случи.
Мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за донација на 100 преносни компјутери на Градската Библиотека “Браќа Миладиновци”- Скопје, ниту пак за субвенции на граѓаните за набавка на инвертер-клими, велосипеди и електрични тротинети. Ова е политиката на ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството во Советот на Градот Скопје. Заглавени проекти, сообраќаен хаос и негрижа за интересите и потребите на граѓаните. Тоа е резултатот на Арсовска, градоначалничката за која лично Христијан Мицкоски бараше гласови и лобираше кај граѓаните, претставувајќи ја како успешна менаџерка“, додава Шутаров.
Оценува дека срамен и скандалозен е односот на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска кон градот и кон неговите граѓани.
Универзална сала, како што вели, е важен објект за Скопје со кој израснале десетици генерации, објект симбол на солидарноста кој сега пропаѓа само затоа што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ овој проект свесно не сакаат да го довршат.
„Една и пол година Скопје тоне во безидејност и нема нови проекти, а не се реализираат ниту наследените“, реагира Шутаров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

