Македонија
(Видео) Арсовски: Антикорупциската да го испита тендерот што го доби фирмата на Зоран Иванов
Денеска, ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе поднесе претставка до антикорупциската комисија, причината е тоа што Владата и институциите молчат веќе трет ден. За оној тендер што го отвори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на прес конференција. Каде што објави дека синот на генералниот секретар на Собранието, Зоран Иванов, има земено тендер за чистење улици и патиштата од источна Македонија под сомнителни околности“, соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Еве веќе поминаа три дена, а тоа е уште еден показател дека Владата молчи, дека нешто крие. Дека најверојатно и сето она, односно сигурно она што го говоревме е точно. И со нивниот молк го потврдуваат. Па, затоа имајќи ги сите институции под нивните канџи, под нивните раце, се обидуваат овој случај да го прикријат и да го замолчат за да не може да се спроведе една постапка, каде што ќе може да се утврдат околностите под кои е добиен овој тендер. Каде што фирмата ‘Дикор ЦД’ ДООЕЛ Струмица, каде што, како што реков, синот на Цветанка Иванова, која е од редовите на СДСМ и е генерален секретар на Собранието, е сопственик и бизнис-партнер во друга фирма „Омни градба“, каде што Трајче Заев, првиот братучед на премиерот, исто така има удел во истата фирма „Омни градба“ со Зоран Иванов.
Па, така, треба да се утврди како е можно син на висок функционер од СДСМ и бизнис-партнер во фамилијата Заеви да може го добие овој тендер. Каде што, како што знаете, направен е под сомнителни околности. Најпрвин го добива тендерот, па подоцна ги набавува машините со кои треба да ја изврши работата што се бара во тендерот.
И втора работа, треба да се утврди од страна на антикорупциска комисија дали имала некакво влијание мајка му во доделувањето на овој тендер. И дали можеби е извршено влијание од страна на неговите бизнис-партнери од фамилијата Заеви?
Поради молкот, еве поднесуваме денеска до антикорупциската и очекуваме брз одговор од нив. Да го истражат во најбрз можен рок случајот. И веднаш потоа, доколку се утврди, да се понесе одговорност и да бидат санкционирани.
Ова не е прв случај каде што функционерите на СДСМ и фамилијата Заеви да добиваат тендери иако во овој случај е само синот на Цветанка Иванова. Затоа, сметаме дека треба да се истражи и треба да се понесе одговорност. Она што е добро е дека ова ќе заврши многу бргу, тоа е на 12 април кога ќе си замине оваа Влада предводена од Зоран Заев. И никогаш повеќе нема да имаме премиер што на овој начин преку неговите функционери, преку неговото семејство и другите во Владата, на некој начин ќе ги испумпува државните пари“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

