Македонија
(Видео) Арсовски: Власта молчи за доделените тендери во вредност од половина милион евра за маркетинг-услуги
Цела недела има класичен молк од власта избегнување на темата за доделените тендери во вредност од половина милион евра на само три фирми и на само двајца сопственици, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Половина милион евра за три години се поделени за маркетиншки услуги и организирање настани, а народот нема леб да јаде.
Да делиш пари за организирање настани во ек на пандемија што е уште потрагично кога е забрането групирање и организирање на настани, не е ништо повеќе, туку класично испумпување на парите на граѓаните од државниот буџет коишто завршуваат во нечии туѓи џебови.
Ова е една од причините и ваквите тендери се причина да Република Македонија биде на 111. место по нивото на корупција во свет на листата на Транспаренси интернешнл.
Оваа влада и работење е сведено само на брутална гола реклама, манипулација и испумпување народни пари.
Она што е најважно да го знаат граѓаните и да немаат грижа, сите договори ќе бидат ревидирани и секаде каде што има основан криминал, сите инволвирани ќе одговараат“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трајановски: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари се визијата за современ Аеродром
Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, ја претстави својата визија за уредување на јавниот простор и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.
„Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат пријатно и сигурно“, изјави Трајановски.
Тој најави изградба на нови и безбедни детски игралишта, вклучително и сензорни игралишта за децата со попреченост, како и адаптација на рабниците и поставување тактилни патеки. „Пристапноста не е луксуз, тоа е човеково право“, додаде кандидатот.
Посебен акцент стави и на решавањето на проблемот со кучињата скитници, преку системска соработка со институциите, како и на унапредувањето на инфраструктурата со нови велосипедски патеки, паметни паркиралишта и модерно осветлување.
„Ќе изградиме општина што штеди енергија и време, а нуди квалитетен урбан живот“, рече Трајановски, најавувајќи и изградба на нова противпожарна станица и редовна контрола на противпожарните системи во зградите.
„Ова не се само проекти, ова се мерки за достоинствен живот на секој мој сограѓанин од Аеродром. Затоа на 2 ноември, заедно да се избориме за подобра општина, за општина која се грижи за секого“, порача тој.
Македонија
ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство
Либерално-демократската партија (ЛДП) ја истакнува исклучителната важност на присуството на својата претседателка, Моника Зајкова, како модератор на една од клучните дебати на Конгресот на Партијата на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) во Брисел, насловена „Суперсила Европа – Реформирање на одлучувањето на ЕУ во опасен свет“. Учеството на Зајкова, рамо до рамо со поранешни премиери, актуелни министри и европратеници, како Кирил Петков и Жорж-Луј Буше, само ја потврдува позицијата на ЛДП како витален и почитуван член на европското либерално семејство. Нејзината улога во водењето на дебатата истакна дека либералните вредности и прашањата на Северна Македонија се високо на агендата на европските центристи.
Претседателката Зајкова во својот настап јасно ја истакна обврската на либералните политичари да водат со идеали, но и да ја почитуваат волјата на граѓаните, што е клучно за деблокирање на евроинтеграциите на Северна Македонија. Таа го истакна ставот дека уставните измени, како услов за членство, може да стапат во сила само со гаранција за ратификација на целосниот пристапен договор, повикувајќи се на успешниот модел од процесот за членство во НАТО. Овој принципиелен став, кој го штити достоинството и интересот на граѓаните, доби силна поддршка од европските либерални лидери присутни на панелот.
ЛДП апелира до Европската Унија и нејзините лидери за итно усвојување на креативни и иновативни решенија кои ќе го откочат проширувањето. Зајкова посочи на потребата ЕУ да покаже мудрост, а не само моќ, користејќи ги искуствата од минатото. Како конкретен пример, таа го наведе Северна Ирска Протоколот, истакнувајќи дека доколку ЕУ може да најде дипломатски решенија за најголемите пречки, мора да најде и начин да го испорача ветувањето за Северна Македонија. ЛДП и европските либерали се обединети во ставот дека проширувањето на ЕУ е геополитички императив.
Македонија
(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг од локалните избори.
„Ќе донесеме заклучок најдоцна до среда. Одлуката ќе се темели на локалните околности, анализите на општинските организации и расположението на членството“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека поддршката нема да се заснова на етничка припадност, туку на политички ставови и вредности.
„Мултиетничкиот карактер и добрите меѓуетнички односи мора да останат приоритет“, додаде тој.
Разговорите, како што рече, се во тек и не се ограничени само на Кичево и Брвеница, туку и на други општини, меѓу кои Скопје, Карпош и Куманово.

