Македонија
(Видео) Арсовски: Додека ги ограбуваат граѓаните со нови давачки, Заев ќе земе 50 милиони евра од покачување на горивата
СДСМ и оваа влада на СДСМ предводена од Зоран Заев економски ја втурна во колапс Република Македонија, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Задолжувања, даноци, камати, криминални тендери, покачување на основни потреби за живот, сето ова го наметна владата на СДСМ и на Зоран Заев кон граѓаните. Страда државата, страдаат и граѓаните и сето тоа поради неспособноста и поради криминалот на СДСМ и на Зоран Заев. 4.13 денари е најновото покачување по литар гориво, а од доаѓањето на власт на СДСМ и Заев, до сега покачувањето за литар гориво е цели 14 денари. Цели 14 денари по литар се давачки кои се арач на државата што го зема Заев и потоа тие пари преку криминални тендери завршуваат во џебовите на СДСМ и на функционерите околу Заев, но и самиот Зоран Заев“, потенцира Арсовски.
Според Арсовски, на просечно семејство изминативе 4 години му се зголемиле давачките во просек месечно за гориво за еден автомобил за над 600 денари.
Додаде дека над 50 милиони евра годишно власта на СДСМ ќе земе од граѓаните преку покачувањето на горивата, а тие 50 милиони евра како што рече ќе завршат во џебовите на СДСМ преку криминални тендери.
„Додека оваа врласт ги ограбува граѓаните, СДСМ и Заев ја задолжија државата и граѓаните над 7 милијарди евра, од кои 2.4 милијарди евра нов долг, само во време на СДСМ и Заев изминативе 4 години“, рече Арсовски.
Ова, како што рече Арсовски, е најголемото историско покачување на јавен долг на една Влада и, според него, најголемото историско задолжување од страна на една, како што ја нарече, криминална влада, додека, пак, капиталните инвестиции, коишто треба да се во најголем број, се огромна нула.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

