Македонија
(Видео) Арсовски: Заев брза со законот за ЈО, зашто станува јасно кој бил главата на рекетарскиот октопод
Зоран Заев, кој коментира сè и сешто во Република Македонија, два дена се крие и се обидува да дефокусира од скандалозното аудио што беше презентирано во Собранието, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, додавајќи дека самиот факт што Заев молчи, покажува оти тоа што јавноста го слушна е всушност неговиот глас.
„На оваа снимка се слуша како тој објаснува дека знае како се финансирала телевизијата на Боки 13, знаел за сомнителните зделки со бизнисмени со старечки домови преку Меѓународниот сојуз, па дури и признава дека тој и неговата партија го помогнале финансирањето на провладината телевизија, како што самиот милува да каже, со наводни маркетинг-услуги“, потсети партискиот портпарол.
Кажа дека станува збор за огромен скандал и порача оти Русковска и Јовевски не може да останат глуви на целиот скандал.
„Заев очигледно знаел, но молчел, а постои основано сомнение дека ги помагал овие сомнителни дејности на Боки 13 преку кои се изнудувале милионски суми евра за наводно рекламирање. И премолчувањето и помагањето на криминал е кривично дело секаде во светот, а и тука, во Република Македонија“, додаде Арсовски и нагласи дека сега веќе станува јасно кој бил главата на рекетарскиот октопод.
Според него, 12 април е денот од кој Заев панично се плаши и бега, бидејќи по тој ден следи обновата на Македонија, но и одговорноста за целото криминално работење на Заев и владата на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворен почесен конзулат на Австрија во Битола
Денеска во Битола беше отворен конзулатот на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски. Конзулатот на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“.
На свеченоста која се одржа се обрати австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, конзулот Игор Божиновски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Градоначалникот Коњановски пред присутните ја истакна важноста на отворањето на уште еден конзулат во Битола, а со тоа и интензивирање на соработката со Австрија.
„Битола од денеска е побогата за уште еден конзулат, сега од пријателската држава Австрија, со што го враќаме епитетот Битола конзулски град“, истакна Коњановски пред присутните гости, дипломатскиот кор, пратеници и други гости.
Со ова Битола има седум почесни и два генерални конзулати.
Македонија
Николоски и Мисајловски во посета на Република Унгарија
Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт и министерот за одбрана, Александар Николоски и Владо Мисајловски, денеска се во работна посета на Унгарија.
За време на посетата министрите Мисајловски и Николоски остварија средби со главниот советник за национална безбедност, Марцел Биро и со Мате Лога, државен советник во Министерството за национална економија, за економски развој и национални финансиски сервиси.
Денешната работна посета е во насока на зајакнување на меѓусебната севкупна соработка меѓу двете земји особено на полето на одбрана и безбедноста и на економските врски.
Во рамки на денешната посета, како дел од македонската делегација, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со својот унгарски колега генерал Габор Боронди, а државниот секретар во министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова оствари средба со заменик-министерот за одбрана, Тамаш Варга.
Македонија
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„По даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе се обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано снабдување со вода за пиење за домаќинствата во Бел Камен“, вели Ѓорѓиевски.
Според него, овој зафат значи сигурно, квалитетно и континуирано водоснабдување за домаќинствата во Бел Камен, чиста вода за пиење во секој дом.
Ѓорѓиевски најави дека по поставувањето на новата водоводна мрежа, ќе следува и реконструкција на улиците.

