Македонија
(Видео) Арсовски: Заев да одговори дали неговиот советник за градежништво бил кривично гонет
Постои сериозна загриженост дека Советникот на Заев за урбанистичко планирање и градежништво, Андреј Манев бил кривично пријавуван и гонет за дела поврзани токму со градежништвото, сектор за кој сега го советува Заев, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.
Тој рече дека Андреј Манев ќе биде плаќан со народни пари и неговата плата ќе биде 40.000 денари и побара од премиерот Зоран Заев да одговори дали против Манев во 2012 година била покрената кривична постапка во која тој бил гонет за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение.
„Дали е вистина и дека ова можеби не е негово прво кривично дело во кое бил замешан? Дали истиот и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување? Пресудна ли била вмешаноста на Манев во дела од областа на градежништвото и урбанизмот, за негово ангажирање на позицијата советник на премиерот во делот на урбанизмот и градежништвото? Дали евентуално за ангажманот на сомнителниот Манев било пресудно тоа што неговата сопруга е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори, а претходно беше ослободен од обвинението покренато од Виктор Цветковски“, праша Арсовски.
Арсовски оцени дека метлата мора да заигра за целата Влада бидејќи, како што рече, се друго е фарса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

