Македонија
(Видео) Арсовски: Заев е најкорумпираниот човек што некогаш газел по Македонија
Криминалот и корупцијата во СДСМ и во Владата почнуваат и завршуваат со Зоран Заев, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Човекот што лаже и краде без срам со цела своја фамилија, човекот што е една од главите на наркокартелот Заеви, ја навредува интелигенцијата на граѓаните велејќи дека третиот ешалон бил извор на корупција“, посочи Арсовски.
Во продолжение партискиот портпарол посочи примери, кои според него, покажуваат дека токму Заев, најпрвиот меѓу првите ешалони, е најкорумпирано суштество што некогаш газело по Република Македонија.
„Да потсетиме уште еднаш, Зоран Заев лично земаше по едно евро за него, едно евро за црквата. Има ли покорумпиран човек од Заев, којшто самиот си легализираше дивоградба на неговото семејство, комплексот Цареви Кули. Надвор од закон, надвор од сè. Има ли покорумпиран човек кој стимулира корупција, штитејќи ги криминалците како Драги Рашковски, Венко Филипче, Оливер Спасовски?“, јавно праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека одговорност за криминалот и корупцијата ќе има во блиска иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

