Македонија
(Видео) Арсовски: Крадењето струја, ако си близок до Заев, стана секојдневие
Вчера ја имавме најсмешната Монти Пајтон ситуација, каде што власта предводена во овој случај од Оливер Спасовски, како министер за внатрешни работи, пред лицето на јавноста и пред камери од медиуми заштити криминал, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Вчера, рече тој, полицијата и Оливер Спасовски ги сокрија дивите копачи на криптовалути во јавното претпријатије ГТЦ, каде што изминативе четири години под палка на СДСМ краделе струја и користеле простор и струја од ГТЦ, да се обогатат со стотици илјади, а можеби и милиони евра преку копање на криптовалути.
„Аминувањето на ова крадење струја од страна на коалицските партнери на Зоран Заев информациите говорат дека е на семејството Бајрам, коешто е во коалиција со СДСМ. Очигледно е дека е поддржано од директорот на ГТЦ и од претседателот на одборот на директори на ГТЦ. Интересно е што претседател на одборот на директори е г-ѓа Трајанка Тасевска, чиј сопруг е директор на БЈБ при МВР, тоа е Сашо Тасевски. Истата г-ѓа е претседател и на форумот на жени во СДСМ во Кисела Вода. Е сега, интересно е што вчера полицијата, замислете, не можеше да ги пронајде машините за копање криптовалути по претходна пријава нормално со точно дадени информации, односно полицијата вчера ги заштити дивите копачи коишто краделе струја од ГТЦ“, истакна Арсовски.
Дали Оливер Спасовски и Сашо Тасевски, по нарачка на неговата сопруга, и директорот на ГТЦ од СДСМ, Ѓоко, ја повлекле полицијата и излегоа со информации дека најпрвин не пронашле машини, праша Арсовски на денешната прес-конференција.
„Зошто се дислоцирани машините ако е сè легално како што велеа во МВР? Каде се однесени тие машини и дали сега се наместени во други институции каде што на истите места можеби крадат повторно струја? Зошто не се уапсени сопствениците, како што изминативе месеци во медиумите можевме да прочитаме дека се апсени и други диви копачи на криптовалути? Сомневањата и информациите се дека тие машини се во сопственост на коалицискиот партнер на СДСМ, господинот Елвис Бајра“, рече тој.
„Очигледно татко му на Зоран Заев не бил единствен што краде струја во држават , очигледно и семејството Бајрам крадело струја од ГТЦ на грб на чесните дуќанџии, кои замислете изминативе година и пол погодени од корона кризата влегоа во сериозни минуси. Очигледно голем дел од минусот за тие сметки и е токму и поради копањето на овие криптовалути, коешто одело на нивни грб“, напомена Арсовски.
Додаде дека сите треба да сносат одговорност.
Според него, крадењето и криминалот со СДСМ станаа секојдневие во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

