Македонија
(Видео) Арсовски: Криминалот и корупцијата почнуваат и завршуваат со Зоран Заев
Највисоката инстанца на САД во својот извештај тврди дека криминалот и корупцијата во Владата се на највисоко ниво и им попречуваат на бизнисот во Република Македонија. Криминалот и корупцијата во СДСМ и во власта го заземаат највисокото можно ниво. И кога Заев вели дека нема криминал и корупција во највисоките ешалони, со тоа им се смее во лице на Стејт департментот и на граѓаните кои секојдневно го гледаат криминалот, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Кога Заев вели дека не треба да бара одговорност од Љупче Николовски за високото ниво на корупција оти добро си ја вршел работата, стотици бизнисмени плачат секојдневно од оваа Влада. Да потсетиме дека и правосудните органи и Антикорупциската комисија се партиски подружници на СДСМ и Заев, кои само работат под негов диктат и спроведуваат партиски нарачки. Нема ниту еден случај сведен до самиот крај каде што одговарал некој од власта за било каков направен криминал“, рече Арсовски.
„Ваква недоветност и вакво лажење од страна на премиер до сега не е видено никаде. Замислете, Драги Рашковски, кој му беше секретар на Влада, обвинет за висока корупција и криминал, Заев да вели дека не е прв ешалон. Венко Филипче, министер кој бркаше провизии на вакцини, кој заработи во време на пандемија, кој мести тендери секојдневно на клиника, Заев да вели дека не е прв ешалон. Криминалот во МВР каде што директно е одговорен Оливер Спасовски, којшто дели лични карти и пасоши и сè останато на криминалци и наркобосови, Зоран Заев да вели дека и овој човек не е прв ешалон. Катица Јанева во СЈО чиј цел тим беше од блиски луѓе и од блиска средина на СДСМ која рекетираше бизнисмени и јавно се зборуваше дека парите и чантата завршиле кај семејството Заеви, повторно Зоран Заев да вели дека овие луѓе не се прв ешалон. Не може за нивниот криминал да им се виновни шалтерски службеници кои само издаваат документи“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Арсовски, тажната реалност во Република Македонија е, како што рече, дека криминалот и корупцијата го заземаат високото прво место во Владата и сè уште никој не одговара.
Коруптивниот начин на работење на Заев и оваа Влада си го зема данокот во светските извештаи, а граѓаните сè повеќе осиромашуваат и тонат, потенцира Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат, вака ССМ работи по насока на СДС
Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДС, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, протестите на ССМ, поддржани од СДС и Левица, покажаа=ле дека не се поддржани од работниците, кои, како што рече, веќе се свесни дека некој од врвот на ССМ јасно ги искористува.
„Синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов, Иван Пешевски и Трпе Деаноски, кои земаат по над 80.000 денари плата од работниците и дополнителни додатоци во висина над милион денари во само една година, добиени од џебот на работниците, не го прифаќаат новиот колективен договор со кој минималната плата на административните службеници ќе се искачи до 600 евра за само две години од денес“.
Манасиевски потсетува дека предлогот од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите за 40% или над 10.000 денари до 2028 година, не е прифатлив од ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски, само затоа што не сакаат да го потпишат новиот колективен договор предложен од Владата, со којшто работниците ќе добиваат зголемување на платите според Законот за минимална плата и додатно 8% на добиената сума со што би се дошло до зголемување од 40% до 2028 година.
„ССМ бара 600 евра минимална плата, добива, и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и повеќе и истата ја одбива. Само затоа што се политички заробеници на оние што ги поставиле да бидат таму а тоа е СДС.
Ги повикуваме ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски да ги оттргнат канџите во кои се заробени од СДС и Левица и да го прифатат предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 600 евра минимална плата за административните службеници во 2028 година“.
Македонија
(Видео) Кузеска: Поминаа 50 дена од првите бомби на Антикорупцискиот тим, но нема никаква реакција
Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту едена реакција од ниту една институција, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиска полиција. Молк. Во изминатите 50 дена, Антикорупцискиот тим објави серија сериозни скандали, поткрепени со факти и докази за тоа како се делат тендери во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Според неа, затоа власта презема контрола врз сдуството и обвинителството во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери.
Македонија
Oдрон на патот Берово – Струмица, магла на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
Намалена видливост и појава на магла на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка до 30 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчевo.

