Македонија
(Видео) Арсовски: Мицкоски бил Генерален секретар од 1 август 2017, а не во 2016 година
Откако СДСМ преку соопштение побара одговор од Мицковски која била неговата улога во 2016 година во моментот кога се прислушувало во Јавното обвинителство додека бил Генерален секретар, портпаролот на партијата Димче Арсовски денеска на прес-конференција одговори дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 2016 година не бил Генерален секретар, тој бил Генерален секретар од 1 август 2017 година.
Арсовски додава очигледна е намерата и злобата на СДСМ да му наштетат на претседателот Мицкоски преку случај за кој директно се одговорни СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски, така да одговорот СДСМ и нивниот Центар за комуникации треба да го бараат кај Оливер Спасовски во МВР и треба да го бараат во Владата во нивниот претседател Зоран Заев тие се оние кои треба да дадат одговор на граѓаните кој прислушувал и за чии намени, а уште побрзо треба да си дадат оставка по ова што се случува во моментов, изјави Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

