Македонија
(Видео) Арсовски: Молкот на СДСМ за Јованоски од Прилеп е потврда за криминалот што го сторил
И самата партија и раководството на СДСМ се свесни дека имало сериозни криминалии помеѓу нивните градоначалници и нивните функционери. Свесни биле и тогаш кога градоначалниците правеле криминал и имале аминување од нивна страна за криминалот, но најинтересно во моментот е што гледаме дека нема никаква реакција од СДСМ за сите наши тврдења и докази што ги изнесуваме во јавност за криминалот што го правеле нивните градоначалници, туку, напротив, или ги оставаат сами да се бранат или воопшто не ги ни бранат. Ниту збор не кажаа да демантираат, ги пуштија низ вода нивните кадри, кои правеа криминал за нив и сега воопшто не им е гајле за нивните поранешни градоначалници, изјави на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовски истакна дека вчера обелодениле дека Илија Јованоски, градоначалникот на Прилеп, наместо да прогласи за ништовно решение за градба во Прилеп, тој направил кривично дело и практично аминувал да се изгради на истото место дивоградба по промена на инвеститорот.
Се работи за станбено-деловна зграда, која, според одобрение од 2005 година, требало да се почне со градба за 6 месеци, не се почнало и на сомнителен начин било одземено одобрението и незаконски е сменет инвеститорот.
Оттука, новиот инвеститор што доаѓа си продолжува да гради со амин на Илија Јовановски на истото место, кој, нормално, неколкупати тековно го крши законот, а градежните инспектори од Општината установиле кај новиот инвеститор со записник дека градбата е нелегална, односно надвор од проектот што е првично поднесен за таа станбено-деловна зграда.
Ова кривично дело на злоупотреба на службена должност е повеќе од евидентно.
Арсовски додава дека СДСМ повеќе од 5 години владее на принцип на криминал, корупција и работи единствено за свој личен интерес, а не за интерес на граѓаните.
Кадрите на СДСМ работат единствено по словото на криминалот и корупцијата и работат за нивниот личен интерес и личен џеб. Повторно ќе потенцирам, не за интересот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш јавно упатува апел до Јавното обвинителство и до антикорупциската да не спијат бидејќи со штитењето на криминалот тие се соучесници во него.
Државата е поважна од СДСМ бидејќи тие земаат плата од граѓаните, а не од СДСМ, кој покажа и докажа дека е криминална партија, изјави Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи
Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот за возачките дозволи.
„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано“, велат од синдикатот.
Едниот од пријавените се извини на социјалните мрежи дека упатувал закани. Рафет Мемишовски на снимката вели дека бил изнервиран и под стрес затоа што полицијата му го одзела автомобилот на неговиот братучед, поради тоа што немал возачка дозвола. Тој неколкупати повторува дека таквото однесување нема да му се повтори и вели дека повеќе нема да се заканува.
Граѓани во Битола, Штип и Прилеп неделава протестираа со блокади на патиштата на кои палеа гуми и дрва, реагирајќи затоа што им биле одземени возилата затоа што немале возачки дозволи.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

