Македонија
(Видео) Арсовски објаснува: Еве како одела една цела постапка за местење тендер
Местењето тендери во СДСМ, односно од кадрите на СДСМ што се во институциите, не е ништо ново, тоа го говориме 4 години, а сега веќе презентираме и докази, но, за жал, ЈО и антикорупциската се глуви и слепи, обвини на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој денеска рече дека ќе објасни како одела една цела постапка за местење тендер, најпластично објаснето, за да може, како што рече, сите граѓани да разберат.
„Најпрвин фирмата што е договорена од страна на кадрите на СДСМ дека треба да го земе тендерот ја пишувала техничката спецификација и ја давала кај градоначалникот, потоа градоначалникот го објавува тендерот, фирмата веќе ги знае работите што ќе се работат и што ќе се набавува и за работите што ќе се набавуваат става енормно високи цени, а тие што нема да се работат става цени од 1 денар и кога ќе извади просечна цена, односно понуда на тендерот, излегува најниска оваа понуда, токму на фирмата што е договорена и таа фирма го добива тендерот што подоцна треба да го работи. За возврат им носеле пари во кеш, односно процент од заработката на градоначалниците што ги местеле тендерите. Полесни и побрзи пари на грбот на граѓаните нема никаде да најдат“, посочи Арсоски.
Партискиот портпарол потоа презентира понуда, односно техничка спецификација за Општина Гази Баба за одржување и реконструкција на јавното улично осветление.
Фирмата „Дигитал“ ДООЕЛ добила тендер за оваа работа, и тоа со следниве цени:
– набавка и вградување кабел од 1 kw со дебелина 4×16 мм2 обем, цената е 300 денари, а за кабел 4×35 мм2 обем, што е логично да е цената повисока бидејќи се работи за подебел кабел, замислете – цената е само 12 денари;
– рачно кршење асфалт и бетон со дебелина 15 см, цената за кршење на 1 м2 чини само 1 денар. Рачно кршење бетон чини 1 денар за 1 м2. Ова, почитувани, е навредување на интелигенцијата на граѓаните дека некој човек ќе искрши рачно 1 квадрат бетон или асфалт со дебелина 15 см за само 1 денар. Во тој случај 1.000 квадрати бетон или асфалт со дебелина од 15 см би им требало неколку луѓе да искршат за една недела рачно и за тоа да бидат платени, внимавајте, само 1.000 денари. Надвор од здрав разум;
– набавка и вградување асфалтна маса за асфалтирање работа со дебелина од 7 см и плус подлога, цена 1 денар за 1 м2. Или тоа значи дека за 100 м2 асфалт, треба да чини 100 денари ова асфалтирање. Повторно надвор од здрав разум;
– замислете, ископ на дупки за изработка на фундаменти, со шалување и бетонирање и пластична цевка фи 70 мм, дупка да ископаат, односно да подготват со димензии 50x50x60 см, чини 2.000 денари, а тоа што знаеле дека нема да се работи, на пример, истиот принцип на работа, но двапати поголема димензија на дупка 1.000×1.000×120 см, која треба да е двојно поскапа, чини само 500 денари. Затоа што знаеле што ќе се работи, а што нема да се работи и затоа биле такви цените“, нагласи Арсовски додавајќи дека ова се само дел од цените и начинот од кој, како што рече, има простор за сомневање за предност во добивање на тендерот од страна на оваа фирма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

