Контакт

Македонија

(Видео) Арсовски: Се кријат докази за нарачателите на „Рекет“

Објавено пред

„Вчера низ медиумите можевме да сретнеме неколку теми поврзани со случајот „Рекет“, кои по се го склопуваат мозаикот што не сака да го види ниту Русковска ниту Јовевски бидејќи му слугуваат на Зоран Заев во моментов. Се кријат докази, се уценуваат луѓе да внимаваат што говорат, се закануваат и тужат новинари“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според него, од 21 април, моментот кога Заев наводно дознал за случајот „Рекет“, до денес поминаа точно 8 месеци, а се уште обвинителството и судот кои се приклештени од Заев ловат во матно и се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот, односно нарачателите.

„Вчера целата јавност можеше да прочита како писмото за кое што сите видовме преку медиумите и дознавме кое го испратила Катица Јанева од притвор до Љубомир Јаневски содржи сведочење од истата Јанева дека Вилма Русковска можно е да ја сокрила нејзината изјава и не ја пријавила кај Љубомир Јаневски. Затоа прашуваме што стоело во изјавата на Катица Јанева пред Вилма Русковска и зошто никој не ја споменува во постапката оваа првична изјава на Катица Јанева? Дали во таа изјава Катица Јанева ја разоткрива целата шема на рекетирање и ги открива сите детали и сите инволвирани на луѓето од врвот на СДСМ и Власта во најголемиот случај на рекетирање? Дали можеби во таа изјава која Русковска ја сокрила од Јовевски се споменува и Зоран Заев или некој друг од врвот на власта од страна на Јанева?

Од самиот почеток како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме на неколку работи, се потврди дека се вистинити. Најпрвин дека се кријат докази и дека се остава простор сите кои што можат да ги прикриваат, се со цел да се спаси главата на октоподот, за која што сите знаеме која е. Катица Јанева имаше доволно простор и време да брише докази и да прикрива докази уште пред да влезе во притвор. Еве сега гледаме дека Вилма Русковска има сомнеж дека сокрила изјава од Катица Јанева каде што ги открива деталите, само за да ги спаси инволвираните од врвот на СДСМ и власта.

Второ, Јовевски и Русковска тврдеа дека нема вмешани политичари во „Рекет“ јавно на прес- конференција и замолија да не се злоупотребувале имињата на функционерите од власта. Нормално и таа прес конференција беше само и само за да ги заштитат функционерите на СДСМ и луѓето од врвот на власта. Потоа видовме дека под притисок на медиумите и јавноста сепак се потврди и се обелодени дека бил вмешан и политичкиот врв на СДСМ, а од вчера слушнавме и јавно од сведоците на сведочење во „Рекет“, кои потврдија дека домот на Бојан Јовановски многу често го посетувале и Венко Филипче, Александар Кирацовски, Радмила Шекеринска, Стефан Богоев и многу други политичари од врвот на СДСМ и на владата“, рече Арсовски.

Според него, на Заев му требаше многу време да се сети и да одговори на новинарско прашање, кое му го поставија а тоа е кога го пријавил случајот „Рекет“.

„Главното прашање е, зошто кога го пријавил случајот „Рекет“ дали усно дали писмено, бидејќи самиот не знае како го пријавил нема никаква писмена белешка во институциите од неговото пријавување на овој случај? И дали Заев е сигурен дека го пријавил во надлежната институција, а не некаде на друго место?

Најверојатно во периодот додека чекавме да одговори Заев тој не можеше да се сети дали го пријавил кај Русковска или можеби на некое друго место за да предупреди некого дека веќе луѓето знаат за случајот „Рекет“ и за рекетирањето од страна на инволвираните.
Иако Заев знаел за целиот случај, тој и 2 месеци откако наводно пријавил, се уште ја поддржуваше Катица Јанева, ја штитеше и ревносно се бореше таа да биде нов шеф на новото обвинителството. Дали Заев со таа поддршка се пазареше со Јанева да не ги открива деталите од целиот случај, останува да одговори Заев или пак доколку молчи како за се друго оставаме јавноста да процени што е точно и што била намерата.

Очигледно Заев и СДСМ и сите инволвирани се повеќе се заплеткуваат во сопствените лаги.
Ги охрабруваме сите сведоци, сите оние кои што знаат нешто во врска со случајот Рекет да не ја кријат вистината и да ги изнесат сите детали, бидејќи ако некој се обиде некого да скрие автоматски станува соучесник во целиот случај. Тоа никому не му одговара, најмалку на вистината и на правдата. Редно време е се да се обелодени. Случајот „Рекет“ мора да се расчисти и ќе се расчистат многу дилеми за многу брзо откако Зоран Заев сакал или неќел ќе мора да ги тргне своите канџи од институциите кои што ги има поставено дали со уцени или закани.

Времето на Заев и на СДСМ завршува. Зоран Заев е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе. Во ликот на Зоран Заев можеме да видиме еден исплашен човек кој што се плаши и е убеден и веќе знае дека не само што нема да биде премиер туку сите матни, сомнителни и криминални дејанија кои што ги работела оваа влада за многу брзо ќе излезат на површина.
А, веднаш по паѓањето од власт на Заев и СДСМ, следува одговорност за сите сомнителни случаеви на криминал. Обнова на Македонија мора да има и Република Македонија мора да тргне напред. Сето тоа ќе почне да се случува веднаш после 3 јануари а ќе продолжи со брзо темпо Обновата по 12 април по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и по доаѓањето на Христијан Мицкоски како премиер на Република Македонија“, додаде тој.

Македонија

(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра

Објавено пред

Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.

Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.

80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.

Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.

Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.

„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.

Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.

Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.

Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.

СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.

„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска

Објавено пред

Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.

dobivaj vesti na viber

„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.

Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.

„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.

Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.

„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.

Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.

„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.

Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“

Прикажи повеќе...

Македонија

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Објавено пред

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

dobivaj vesti na viber

Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Таа вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја извршувала „законито, совесно и со најдобра намера“.

„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста“, наведува Ристовска во оставката.

Таа потенцира дека во секоја ситуација во која постоела можност за судир на интереси, побарала изземање согласно законот, и отфрла дека имала намера да прикрие информации.

„Напротив, ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет“, додава таа.

Претходно, ДКСК отвори два предмети за Ристовска, за проверка на судир на интереси и непријавување имот.

Ова е нов случај на оставка во Антикорупциската комисија за помалку од една година. Во 2025 година, оставка поднесе и тогашната претседателка Татјана Димитровска, откако против неа беше поднесен обвинителен предлог за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, поврзани со случајот „Адитив“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ2 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија3 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија5 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија5 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион5 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија6 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија7 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет7 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет7 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа8 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет8 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет8 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа8 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион17 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија18 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет20 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија24 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...