Македонија
(Видео) Арсовски: Спасовски да поднесе оставка, МВР тврдеше дека немало физички напад 30 часа по убиството на Тот
Оливер Спасовски со денови сѐ повеќе се плетка во скандалот со забошотувањето на убиството на ракометарот Денис Тот, oбвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој на прес-конференцијата ја презентира, како што рече, хронологијата што го потврдува тоа.
„Според информациите што ги има јавноста, претепувањето на ракометарот се случило во 3 часот на 7 април.
Според КАРИЛ и Ургентниот центар, истиот ден, на 7 април, во раните утрински часови до МВР била пријавено сомнително нешто кај пациент што е примен кај нив.
Дополнително, и медиумите вечерта на 7 април известуваат за претепувањето млад ракометар.
Но, и покрај сите овие наводи, МВР на 8 април преку официјален став до медиумите испратен околу 10 часот говори дека нема физичко насилство.
Внимавајте, МВР на Оливер Спасовски, по 30 часа од настанот, по сите пријави од Клиниката за сомнителни работи, по сите пишувања на медиумите, се охрабри да каже дека немало физички повреди кај загинатиот ракометар“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Арсовски, факт е дека имало пријава, факт е дека имало индиции, факт е дека имало медиумски написи и, за жал, како што рече, факт е дека МВР ја замајувало јавноста во обид да го прикријат настанот.
„Ваквото однесување на МВР, на Оливер Спасовски, фрли дамка врз институцијата и на меѓународен план дека убиството било забошотувано, за тоа говорат и медиумите од странство. Затоа одговорност мора да има и затоа Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш“, истакна партискиот портпарол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ прашува кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони
„Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара“, велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека, како што наведуваат, „сите молчат“ и ги прозиваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и функционерите Александар Николовски, Јохан Тарчуловски и Бојан Томовски.
Според СДСМ, соочени со, како што тврдат, сопствената одговорност, претставниците на власта започнале медиумска кампања и лицитирале со наводно запленети 100 тони марихуана, за која велат дека била нелегално произведена.
„Но, така заглавија уште подлабоко. Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле“, наведуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што, според нив, е еднакво на повеќе од 40 фудбалски стадиони, и прашуваат кој дозволил толкава површина да се одгледува во државата и зошто не била направена ниту една теренска контрола.
СДСМ прашува и како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога да се транспортира, складира и пакува, како и што правеле АНБ и АР. Во соопштението се поставува и прашањето како 5 тони дрога поминале преку граница, покрај системот „Сејф сити“, скенери, контроли, полиција и царина.
„Нема одговор на овие прашања затоа што одговорноста за нарко-скандалот е во врвот на власта. СДСМ нема да дозволи овој нарко-скандал да се заташка. Нема бегање од одговорноста. Сите ќе одговарате“, се наведува во соопштението.
Македонија
Средношколките во Охрид ќе се едуцираат како да се заштитат од сајбер напади
Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува во Охрид, како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, кој го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.
Пред учесниците на кампот денеска ќе се обрати државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска.
Македонија
УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026
УЈП потсетува дека крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 2026. Обврската се однесува на сите физички лица што примиле плата или друг вид доход од странство и важи без разлика дали данокот во странската држава е платен или не, а пресметката се поднесува преку системот е-Даночни услуги.
Клучната порака на Управата е практична: со пресметката мора да се достават и докази што ја потврдуваат висината, видот и периодот на доходот, како и евентуално платениот данок во странство. Тоа, во пракса, значи дека даночниот обврзник треба да може документарно да го „затвори кругот“ – од исплатата до даночниот третман. Дополнително, за примената на договорите за избегнување двојно оданочување, УЈП упатува дека постојат насоки и процедури што ја дефинираат документацијата и начинот на пресметка.
Зад административната формулација стои појасна порака: контролата не е „локална“ работа. УЈП наведува дека во 2025 година, во рамки на меѓународната соработка, поднела 203 барања до странски даночни органи за проверка на документација за граѓани што преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Тоа е сигнал дека механизмите за размена на информации се активни и дека „ќе помине незабележано“ е сè послаб план.

