Македонија
(Видео) Арсовски: Тендерот на Филипче е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизации на клиниките
Венко Филипче повторно ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Од медиумите вчера можевме да видиме дека на повидок има нов скандал за централизација на стерилизација во Министерството за здравство. Скандал помалку или повеќе сличен или идентичен на тендерот за реагенси кој пропадна, инаку вреден 35 милиони евра, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Скандалот со тендерот што вчера го објавија медиумите за централизација на стерилизацијата на клиниките во моментов е активен и трае до 21 мај, а тендерот е во вредност од 13.700.000 евра.
Главното прашање е кој близок до власта ќе го добие овој тендер и во чиј џеб ќе завршат овие пари на граѓаните.
Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизации и сервисирање на клиниките. Оттука би сакале да поставиме повеќе прашања до Владата и до Венко Филипче. Дали ова е уште еден тендер по ист принцип на тендерот за реагенси?
Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните?
Планирано е целата опрема што ќе се стерилизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука постои можност дополнително да има опасност од инфицирање и бактерии.
Експертите коментираат дека на овој начин дури и 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе се плаќа од парите на граѓаните, а услугата сепак нема да е на ниво.
Исто така постои и можност да се поскапи и цената на услугите за здравството за граѓаните. Апелираме и повикуваме,веднаш да се стопира овој тендер и да се отвори поширока јавна расправа, за да се тргнат сите сомнежи во моментов.
Венко Филипче е подготвен за чистење и метла. Оставката му е неизбежна. Додека, пак, институциите ги повикуваме да ги следат сите чекори на Филипче и Министерството за здравство, за да може да биде спречен уште еден огромен скандал што е на повидок“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟤𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 15.12. до 21.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните
Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно.
„Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој начин, Општина Аеродром се стреми кон поефикасно, поодговорно и поотворено институционално работење.
Анкетата е кратка, трае помалку од една минута, целосно е анонимна и при нејзиното пополнување не се прибираат лични податоци. Граѓаните можат да учествуваат со скенирање на QR-кодот поставен на официјалните информативни банери, по што се отвора кратка анкета што се пополнува со неколку клика“, велат од општина Аеродром.
„Секоја оцена, мислење и искуство од граѓаните ќе послужи како значајна основа за унапредување на услугите и за подобрување на вкупниот квалитет на работењето на општина Аеродром.
Општина Аеродром изразува благодарност до граѓаните за укажаната доверба и за активното учество во процесите што придонесуваат кон развој на поодговорна и сервисно ориентирана локална самоуправа“, се додава во соопштението на општина Аеродром.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Во согласност со податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем на 22.12.2025, среднодневните концентрации на ПМ 10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10-честички е прекината во Скопје и Струмица“, се наведува во соопштението.
Од Министерството велат дека мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

