Македонија
(Видео) Арсовски: Филип Темелковски е кандидиран од СДСМ за да изгуби
Обзнанувањето на Филип Темелковски за кандидат на СДСМ во Кисела Вода е уште една потврда дека СДСМ како партија ја има отпишано општината и поразот на СДСМ таму е неминовен, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Филип Темелковски во Кисела Вода е завршена приказна. Сега само го трча последниот круг од маратонот, а јасно е дека ќе биде поразен и тоа со огромна разлика. Неговиот мандат завршува во октомври. Кандидирањето на Филип Темелковски за Кисела Вода од страна на СДСМ е само доказ дека во СДСМ немаат никаква намера да горат нов кадар, туку го ставаат повторно Темелковски, за којшто знаеме дека не направи ништо и којшто нема никаква доверба од граѓаните за којшто и птиците низ Расадник знаат дека ќе ги изгуби изборите, и тоа со огромна разлика. Човек којшто е пример за неработник и човек којшто аминувал криминогено работење во општината не може и не смее да се надева на нов мандат. Може да се надева единствено на правна помош доколку се докаже дека работел криминогено“, рече Арсовски.
„Темелковски успеа да ја направи Кисела Вода општина во која во 21 век сè уште нема вода за пиење во Каменик, што е на само неколку километри од центарот на градот. Темелковски успеа да ја направи Кисела Вода општина во која во 21 век сè уште немаат канализација и сè уште користат септички јами граѓаните во населба Пинтија“, додаде Арсовски.
Во овие моменти на граѓаните на Кисела Вода им е јасно дека СДСМ си поигрува со нивната интелигенција и јасно им е дека Темелковски не е повеќе опција за градоначалник на Кисела Вода, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ
„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер“, велат од СДСМ.
„Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните. Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.
Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.
Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал. Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него. Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси. Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.
Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.
На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.
Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.
ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

