Македонија
(Видео) Арсовски: Ќе си даде ли Заев оставка сега кога ќе ги изгуби изборите?
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција го повика Зоран Заев да излезе на понудената можност за дебата на телевизијата „Алфа“. Тој го праша Заев да одговори дали на 12 април, кога, како што рече, ќе ги изгуби изборите, ќе поднесе оставка.
„Заев е еден истрошен политичар. Свесен е дека рејтингот му е во слободен пад и затоа избегнува лидерско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На секое соочување јавноста има можност да види колку Заев е инфериорен или, пак, да чуе некоја негова нова лага.
Затоа, го повикуваме да се охрабри и да излезе на понудената можност за дебата на телевизијата „Алфа“, која е една од 5-те национални телевизии. Тоа што бега не значи дека ќе успее да побегне од судот на граѓаните кој му следува на 12 април. Јавно прашуваме – она што ги интересира граѓаните, но и сите нас, тоа е веднаш да одговори Зоран Заев дали сега на 12 април, кога ќе ги изгуби изборите, ќе си поднесе оставка?
И ако каже дека ќе си поднесе оставка, очекуваме барем еднаш, барем овој пат да си додржи до зборот и на тој начин да го ослободи СДСМ, но и Република Македонија, од своето штетно политичко дејствување. Доволно граѓаните се заложници на лудоста, криминалот, лицемерството, лагите и коруптивноста на Зоран Заев и неговата криминогена фамилија“, рече Арсовски.
Во врска со отфрлената кривична пријава што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за нерегуларностите на референдумот во 2018 година, Арсовски вели дека тоа е уште еден показател и доказ дека Зоран Заев управува со правосудните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

