Македонија
(Видео) Арсовски oд Кочани: Ќе поднесеме кривични пријави против власта поради ненавремено спречување на пожарот
Денеска сме во Кочани да побараме одговорност за тоа што вчера наместо да се стиши оваа огнена стихија тука, од страна на надлежните на власта, Стојанче Ангелов и сите останати коишто треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Како што посочи партискиот портпарол, директорот на Центарот за управување со кризи, Ангелов, глумел селебрити и се сликал со пејачи и со други лица од естрадата, наместо да биде со граѓаните.
„Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони – ‘ер трактори’, односно канадери кои што со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една и пол милијарда евра“, посочи Арсовски.
Тој кажа дека неговата партија бара и одговорност затоа што синоќа немало хеликоптери да го гасат пожарот.
„Не летале нашите хеликоптери ноќе, срамота, а 21 век. Немало хеликоптери за на граѓаните да им се помогне, а имаше хеликоптери кога требаше да се возат Венко Филипче и Зоран Заев на нивни приватни забави и настани“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, актуелната власт секоја една ситуација на непогоди ја дочекува изненадена.
„ВМРО-ДПМНЕ заедно со правниот тим, заедно со луѓето од правната служба од партијата ги разгледува сите опции за поднесување кривични пријави до власта во однос на нивната нефункционалност, неспособност, некоординираност и нивното непостапување во рамките на вчерашниот ден за она што се случи тука“, нагласи Арсовски додавајќи дека пријавите ќе бидат поднесени за луѓе коишто раководат со институциите, како премиерот Зоран Заев, директорот Стојанче Ангелов, но и сите останати лица што треба да раководат со тој кризен штаб кој, како што рече, за жал, не функционира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

