Македонија
(Видео) Атанасов: Каде би стигнале ако за стаорци ги затвораме објектите?
Пукнатини во ѕидовите на пекарницата „Специјал“ како можност за задржување храна што ги привлекува глодачите и несоодветно воден дневник за поставените мамки за глодачи, се пропустите што ги откриле инспекторите при вонредниот инспекциски надзор во пекарницата, каде што беше сликан стаорец на маса. Во интервју за „Макфакс“ и „А1. он“ директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, образложува зошто нема казна за пекарницата, туку се пропишани едукативни мерки и пекарницата работи непречено.
„За такво нешто не е предвидено веднаш да се затвора објектот. Каде би стигнале ние ако за такво нешто би ги затворале сите објекти во државата? Таму се наредени мерки, спроведени се и законодавецот е тој што кажува кога што се прави“, рече директорот Атанасов.
Тој вели дека инсистира инспекторите максимално одговорно да ги спроведуваат контролите и ја отфрли можноста за корумпирани инспектори кои би фаворизирале објекти и би им прогледувале низ прсти при евентуални пропусти.
„Инспекторот е самостоен орган кој носи факсимил и печат и одговара за своите постапки. Не можете за некого да кажете дека е таков или ваков. Сè уште мислам дека инспекторите се некорумпирани, тоа е моето мислење, за другото треба да се докаже“, вели директорот Атанасов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации
По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.
Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.
А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.
Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.
Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.
Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

