Македонија
(Видео) Атанасов: Музејот на Македонија е пред распаѓање со урнати тавани и мувла
,,СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и остава да пропадне непроценливото културно наследство на Република Македонија. Музејот на Македонија, кој треба да е симбол на историскиот и културниот идентитет на државата е пред распаѓање и се наоѓа во катастрофално лоша состојба, со срушени тавани, мувлосани простории и загрозени артефакти”, изјави Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, СДСМ иако ветуваше поправање на сите штети, санирање и реновирање, но и сите објекти кои се од важно културно и историско значење, сега гледаме дека имаме само низа од празни ветувања. Власта цели три години со прст нема мрднато ниту за заштитата на културното наследство на државата, а уште помалку за Музејот на Македонија.
,,СДСМ ветуваа санација на Галеријата на икони, а сега гледаме дека изложбениот простор кој наликува на магацински простор е затворен, наместо да е реновирана просторија каде ќе бидат изложени предметите кои се прогласени за културно наследство од особено значење.Иконите наместо да бидат заштитени и изложени за да може да ги видат посетителите, тие се оставени без никаква заштита да скапуваат.
Слична е состојбата и во етнолошката поставка каде наместо да биде изложено најголемото богатство на Република Македонија таа стои празна и руинирана. Вода тече од сите страни, додека пак изложбените витрини се уништени и мувлосани. Воедно, иако беше ветено се уште не е саниран кровот и нема никаква заштита од прокиснување и поплави, па затоа при најмал дожд депоата на музејот се поплавуваат и со тоа постои опасност од огромна штета на предметите кои се од непроценлива важност за историјата, културата и традицијата на Република Македонија.
Дополнително нема основни услови за работа ниту за вработените во Музејот, и тие наместо во соодветни простории, работат во распаднати простории.СДСМ единствено што направи во музејот е тоа што се погрижи да вработи најмалку 15 партиски војници кои наместо за потребите на музејот се вработени за партиски потреби.Културното наследство е темелна вредност на Република Македонија, но не и за СДСМ. Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав.За ваквата негрижа и запоставување на културното наследство одговорност мора да има и ќе има. СДСМ очигледно се незаинтересирани и неспособни па затоа време е за избори по кои ќе почне Обнова на Македонија”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

