Македонија
(Видео) Беким Сали: Жртвите од модуларната болница изгореа по вторпат, виновниците беа наградени

Поранешниот министер за здравство, Беким Сали реагираше за постапката за пожарот на модуларната болница.
„Со постапката која се овдвиваше за пожарот на модуларната болница, жртвите изгореа по втор пат, а виновниците беа наградени“, рече Сали.
Тој истакна дека сите постапки за пожарот биле против правдата.
Беким Сали, додека бил министер побарал интерна ревизија од секторот за ревизија на Министерството и по неколкумесечната истрага добил препорака од секторот, Министерството за здраство да го раскине договорот за извршување на работите и да не плаќа никаква оштета на извршителот до крајот на судскиот процес.
Откако бил разрешен од функцијата министер за здраство, новиот министер Фатмир Меџити покрај препораките од секторот за ревизија иницрал преку Владата на Северна Македонија да се исплaти долгот кон компанијата „Брако“.
Утре, на 16 август е закажан протест во Тетово, на кој ќе се побара одговорност за пожарот во модуларната болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во касарната „Илинден“ оддадена почит за загинатите бранители кај Вејце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал – мајор Сашко Лафчиски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници на баталјонот за специјални сили.
Во чест на загинатите припадници постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и припадници од баталјонот за специјални сили, командите на единиците на Армијата, поранешни припадници на баталјонот за специјални намени и членови на семејствата на загинатите припадници на Армијата.
На денешен ден пред 24 години кај селото Вејце, во околината на Тетово во одбрана на татковината загинаа осум припадници на безбедносните сили.
Македонија
Од сабота Скопје повторно се поврзува со Барселона, двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети

„Визер“ со субвенции од Владата од 3 мај ќе лета до Барселона и Лион.
До Барселона летови ќе има двапати неделно – вторник и сабота, а до Лион трипати – вторник, четврток и сабота.
Првиот лет од Скопје за Барселона, по тригодишна пауза, ќе се реализира в сабота во 18.50 часот. Двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи на „ТАВ Македонија“ и „Визер“
Меѓународниот аеродром „Скопје“ првпат се поврзува со Лион, Франција, кој е под заштита на УНЕСКО.
На крајот на март требаше да се почне да и летот Скопје – Дубаи, но е одложен за наесен.
Македонија
„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје.
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со ‘фати, па пушти’, без да има јасно образложение за таа законска процедура и што се создава во нашите мисли, кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.
Во повикот е нагласено дека тие и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.
Маршот, според најавите, ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12.05 часот како симболика за задоцнетата реакција на институциите, а ќе продолжи кон плоштадот Македонија и ќе заврши пред Собранието.