Македонија
(Видео) Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а се однесуваше на доцнењето на повратот на ДДВ. Битиќи потенцираше дека одредени компании добиваат приоритет при поврат на ДДВ, додека други, кои исто така имаат еднакви законски права, се оставени да чекаат.
„Според информациите што пристигнуваат од различни делови на стопанството, повратот на ДДВ доцни меѓу 6 и 9 месеци. Дополнително, имам информации, кои за жал, веројатноста е голема дека се вистините со оглед на факт дека недостасува транспарентност во делот на извршувањето на законските буџетски обврски, а се однесуваат на тоа дека одредени компании добиваат приоритет при поврат на ДДВ, додека други, кои исто така имаат еднакви законски права, се оставени да чекаат. Кој ќе ја добие милоста или суровоста од Владата, како што сум информиран, се одлучува во партиски штабови. Се прават „приоритетни листи“ за поврат на ДДВ и останати финансиски обврски, односно компаниите се вреднуваат според политичката подобност“.
Според него, ликвидноста на фирмите не треба да биде прашање на политичка волја или партиска наклонетост, тоа е прашање на фер економска политика и на одговорност кон јавниот интерес.
Оцени дека секоја неплатена фактура, секој задоцнет поврат на ДДВ е потенцијален ризик за опстанок на илјадници претпријатија, за задржување на работните места, за стабилноста на платите на вработените.
„Не смееме да го занемариме и фактот дека, иако Владата ја најави поддршката за стопанството преку унгарскиот кредит како инструмент за свеж капитал, реализацијата досега е помалку од 50% – исплатени се само 125,8 милиони евра за осум месеци, што е помалку од акумулираниот долг на државата кон стопанството од над 150 милиони евра само по основ на задоцнет поврат на ДДВ и други неплатени, а доспеани обврски. Значи, кога зборуваме за поддршката на Владата кон стопанството, тогаш тоа е „во минус“ од 24,2 милиони евра, што најдобро зборува за длабоката неусогласеност помеѓу политичките најави и реалната состојба на бизнисот. Компаниите се оставени сами да се снаоѓаат, како што знаат и умеат за да опстојат и осигурат егзистенцијата на илјадници вработени“, додада Битиќи.
Упати прашање до надлежните: кога министерството за финансии ќе обезбеди поврат на ДДВ и на останати доспеани побарувања кон сите компании, без политички приоритети, и дали конечно ќе се стави крај на оваа практика со доцнење? Праша и колку должи државата по основ на доспеани, но неисплатени обврски кој стопанството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд и снег
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

