Македонија
(Видео) Бојмацалиев: Вложивме три милиони евра во специјални возила за надзор на границите
Денеска дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја посети Полициската станица Граничен премин Табановце, каде што оствари работна средба со раководствата на оваа организациска единица, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи СЕВЕР, на кои беше брифиран за резултатите во изминатите два месеца.
„Во периодот јануари – февруари 2024 година протокот на патници на ГП Табановце изнесува 696.518 патници. Во наведениот период на ГП Табановце извршена е селективна контрола на вкупно 28.278 патници. Во овој период имаме 6 кривични дела и 59 прекршоци. Oткриени се вкупно 8 (7) фалсификувани документи. Во однос на истиот период лани се бележи тренд на зголемување на бројот на откриени документи за 14,9%. Исто така откриен е 1 случај на сомнение за фалсификувано возило. Во делот на илегална миграција во однос на истиот период лани се бележи тренд на зголемување на бројот на откриени илегални мигранти за 60%”, информираше Бојмацалиев во изјава за медиумите по брифингот.
Во оваа пригода Бојмацалиев истакна дека изминативе години беше вложено многу во модернизацијата на средствата и работната опрема на полициските службеници.
„Би сакал да го истакнам фактот дека обезбедивме 10 специјални возила за надзор, со термални камери со домет од 10км. Возилата се викаат MSS (mobile surveillance system) или Мобилен систем за надзор. Вкупната инвестиција за 10 возила изнесува 3 милиони евра”, рече Бојмацалиев, појаснувајќи дека секоја станица има извидувачка камера.
„Сите станици имаат извидувачки камери што регистрираат движење и праќаат слика, по 4 во секоја станица со набавени сим картици за пренос на сликата од камерата до дежурниот и други адреси на кои е сетирана камерата”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека годинава треба да добиеме и 8 дрона, по два за секој РЦ.
Во оваа пригода Бојмацалиев беше информиран за успешноста на дигиталната алатка против корупцијата – боди-камерите со кои изминативе денови беше снимен случај на поткуп од грузиски државјанин кон македонски полициски службеник на ГП Табановце.
Бојмацалиев ги потенцира и ФРОНТЕКС-извештаите.
„Воедно, извештаите на европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, како и другите релевантни организации, во своите извештаи за Северна Македонија бележат само високи резултати потврдувајќи го кредибилитетот на МВР на регионално и меѓународно ниво во борбата против илегалната миграција“, истакна Бојмацалиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

