Македонија
(Видео) Бојмацалиев на терен на ГП Делчево: Со специјални возила со термални камери и уреди ја гарантираме граничната безбедност
Денеска, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, беше на терен на македонско-бугарската граница, при што оствари работна средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Делчево, на која беше брифиран за активностите на Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ за првото тримесечје од 2024 година.
„Бев информиран дека имаме зголемување на протокот на патници за 11 %. Притоа имаме и намалување на криминалитетот на државна граница за 25 %, намалување на бројот на откриените фалсификувани патни исправи и други документи за 15,38 %, што се должи на опремата за детектирање лажни или фалсификувани исправи. Понатаму, имаме намалување на илегалните минувања на државната граница (лица) за 24,32 %. Исто така, имаме зголемување на бројот на настани по оперативна активност ‘Гора’ за 100 %, и зголемување на количината на запленети дрва за 41,4 %“, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите.
Бојмацалиев рече дека државната граница е безбедна и со дигитална опрема, која вклучува специјални возила за надзор, како и уреди и камери за дневно и ноќно снимање, при што безбедноста е гарантирана.
„Користиме систем MSS (Mobile Surveillance System), донација од ЕУ, мобилен систем за надзор 300.000 евра едно возило, 3.000.000 евра 10 возила со термални камери со долг дострел од 10км. Вакави возила имаме две во Богородица и по едно во Меџитлија, Дојран, Ново Село, РЦ ‘Исток’ во Делчево, РЦ ‘Запад’ во Охрид, Стење, Блато, Сопот“, појасни Бојмацалиев појаснувајќи дека возилата имаат термални камери и се следи секое движење, при што се праќа сигнал и се алармираат службите.

„Воедно, сите станици имаат извидувачки камери што регистрираат движење и праќаат фотографија, по 4 по секоја станица со набавени СИМ-картички за пренос на фотографијата од камерата до дежурниот и други адреси на кои е сетирана камерата. На Богородица имаме и стационарен центар за надзор на Вршник Бара опремен со радар, термална и дневна камера со долг дострел од 10 км“, рече Бојмацалиев.
Тој додаде и дека се очекува и пристигнување 8 дрона за надзор, со што сериозно ќе се унапреди граничната безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

