Македонија
(Видео) Васев: ВМРО-ДПМНЕ го раскрчми имотот на АД „Славија“
Раскрчмувањето на АД „Славија“ го направи ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција Стефан Васев од СДСМ.
Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ и нивните влади од 2012 до 2017 година лежи целата вина за раскрчмувањето на имотот на АД „Славија“.
„Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ја обезвреднила АД ‘Славија’ и го раскрчмила нејзиниот имот. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ упорно со денови сака да ја манипулира јавноста е провиден обид за бегање од одговорноста и нереално префрлање вина на некој друг. Дека целосно се загубија во овој неуспешен обид, говорат и разните бројки што секојдневно ги пласираат. Прво, според нив, ‘Славија’ вредеше 20 милиони евра, па ја спуштија процената на 13, па на 9, а денеска е 4 милиони евра. Во својата произволна математика не споменуваат ниту дека компанијата е оптоварена со долгови“, изјави Васев.
Како што истакна Васев, во периодот од 2012 до 2017 година ВМРО-ДПМНЕ распродала над 70 % од имотот на АД „Славија“. Со тајни продажби, зад затворени врати, по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на „Славија“ во Скопје и во целата држава, кои денес се сопственост на приватни компании.
Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со „Славија“, туку распродала две третини од нејзиниот имот, додава Стефан Васев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

