Македонија
(Видео) Васев: Со потпис на Милошоски уапсениот дипломат бил праќан во разни држави
Се гледа дека криминалните структури на фамилијата се видно загрижени од скандалот со македонските дипломати, па сега очајно се обидуваат да фрлаат магла во очите на македонските граѓани. Вистината е сосем поинаква од она што се обидува да го прикаже ВМРО-ДПМНЕ, изјви Стефан Васев од СДСМ.
„Миле Миленковски, сега притворен во Србија по потерница од Ерменија, во 2009 година е испратен во Детроит, САД, со решение од Антонијо Милошоски. По четири месеци, повторно со ова решение од Милошоски е пратен во Амбасадата во Вашингтон. Во 2011 година исто така со решение на Милошоски е испратен во конзулат во Чикаго, останува до 2014 година, а по само една година, со решение на Никола Попоски е испратен во ОБСЕ во Виена.
Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. А вистината секогаш излегува на виделина, па така и оваа истрага ќе ги даде одговорите на клучните прашања. Дали во време на ВМРО-ДПМНЕ имало цела разработена криминална шема, раководено од Мијалков, во која вакви видови услуги се нуделе на црниот пазар?
Антонијо Милошоски, кој патем има судска пресуда во Германија, треба да одговори дали помагал во обезбедувањето приватни авиони за оваа криминална шема? Дали тие пари завршувале во белиот дворец? И дали токму Антонијо Милошоски во име на Сашо Мијалков и Груевски до ден-денес одржува блиски контакти со овие и слични структури?“, праша Васев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари
Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот нагласи дека толеранцијата се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци и не важи во случаи кога е сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.
Според појаснувањето на Тошковски во гостувањето на „Телма“, за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час – 12 километри. Тој додаде дека, на пример, доколку дозволената брзина е 50 километри на час, системот ќе регистрира прекршок при 57 километри на час.
Тошковски информираше дека системот „Безбеден град“ ќе ги процесуира и службените возила кога тие не постапуваат во рамки на оправдани оперативни дејствија. Како што појасни, возилата на итната медицинска помош, противпожарната служба, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана нема да бидат евидентирани од системот кога постапуваат во рамки на службени задачи, но ќе бидат опфатени кога не постои оправдана оперативна потреба.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.

