Македонија
(Видео) Уставни измени со вакви фолирања нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ по условените оставки од ДУИ
ВМРО-ДПМНЕ преку партискиот портпарол Наум Стоилковски го потврди ставот дека уставни измени нема да има откога вчера министрите од ДУИ поднесоа оставки, кои би се ефектуирале во мометот кога опозицијата ќе даде зелено светло за измените во Уставот.
Стоилковски е дециден: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, уставни измени со вакви фолирања нема да има.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос за условените оставки, Стоилковски изјави дека е добро што ДУИ по 20 години власт, е подготвена да замине во опозиција, од каде ќе може да одговараат за криминалот.
Прашан за изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека се подготвени да се откажат и од договорот за 100 дена премиер Албанец, Стоилковски изјави дека потешко му е на Социјалдемократскиот сојуз отколку на ДУИ да ја прифати идејата Артан Груби и де факто да не им биде премиер.
Стоилковски ги повика и функционерите од СДСМ да поднесат оставки, но тие да бидат неотповикливи и да се оди на брзи предвремени парламентарни избори. Сѐ друго, повтори Стоилковски, е одолжување и играње играчки.
Претходно вчера, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека министрите од оваа партија ги доставиле своите оставки до премиерот Димитар Ковачевски, но ќе важат од моментот кога уставните измени ќе поминат во Собранието.
Ахмети образложи дека земјата е во критична фаза од европската иднина, а големите одлуки бараат политичка, национална и државна одговорност и жртви откако ВМРО-ДПМНЕ пред два месеца постави неколку услови за да гласаат за уставните измени, меѓу кои и ДУИ да излезе од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

